Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неуспехот - чекор до успехот

sekoj-neuspeh-e-cekor-do-uspehot-povekjeНајголем виновник за неактивност не е недостатокот на идеи, пари или време - тоа е стравот од неуспех кој го парализира умот па затоа е многу...

 

...важно да се ослободите од него.

Кога ќе успеете да го совладате тој страв - тогаш го живеете животот во потполност. За да се постигне ова потребно е да ги промените ставовите.

Луѓето често даваат многу внимание на неуспехот посебно кога крајниот резултат е во погрешна насока. Притоа забораваат дека неуспехот е само дел од нешто многу поголемо - процесот на учење и сопствено растење.

sekoj-neuspeh-e-cekor-do-uspehot

Сепак, некои успеваат да станат посилни со секој претрпен пораз. Тие сфаќаат дека неуспехот е составен дел на успехот. Знаат дека треба да учат од сопствените грешки.

Неуспехот е само порака дека нешто треба да се направи на друг начин, дека постои простор за подобрување.

Заради тоа овие луѓе не се грижат за неуспехот бидејќи не го доживуваат како посебен настан, туку како дел од многу позначаен процес во животот.

Луѓето кои никогаш не доживеале неуспех го замислуваат како нешто катастрофално.

Но, во реалноста, стравот од неуспех е многу полош од самиот неуспех. На пример - на училиште децата кои ќе погрешат нешто, стануваат предмет на исмејување, а возрасните се изложени на критика.

Заради тоа стравот од неуспех е толку силен. Имајте на ум дека ги знаете сопствените вредности и немора да се грижите за туѓите мислења и ставови.

Ако работите на нешто и не ги постигнувате посакуваните резултати, тоа не значи дека сте “неуспешни“ или “губитници“ туку само дека треба нешто да го направите поразлично.

Изразите “успешен“ и “неуспешен“ баш и немаат смисла затоа што секој понекогаш успева во нешто, а во нешто не. Сакате да постигнете големи работи, а креативните идеи не се доволни.

Најтешко е да ги спроведете во дело. Иноватори не се само оние кои имаат сјајни идеи додека седат во својата соба, туку оние кои имаат храброст да излезат надвор и да ги испробаат идеите.

Во најголем број случаи НЕМА да успеат. Но, со секој неуспех ќе научат нешто ново.

Би можело да ве интересира:

Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи) Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна ком...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg