Како до унапредувањето што одамна го чекате?

Нема ништо што демотивира повеќе од „тапкањето“ во место кога станува збор за работа.

Kako do unapreduvanjeto shto odamna go chekate 01

Преку глава ви е од монотонијата во обврските, од истите луѓе секојдневно и од чувството дека никогаш ништо повеќе нема да постигнете. Не откажувајте се така лесно; постојат безброј начини за кратко време да се почувствувате попродуктивни и ефикасни на работното место.

Подолу се неколку од нив - можеби е време да се изборите за унапредувањето што одамна го чекате.

Будете се порано

Вечерните излегувања во текот на работната недела ги плаќате со слаба концентрација. Препораките за 7-8 часа сон секој ден не се нешто што треба да го заобиколите, напротив - вашиот мозок ќе функционира оптимално само доколку добро отспиете.

Доколку сте ноќна птица, станувањето рано сигурно е ваша слаба страна, но ако се стремите да напредувате во кариерата тоа е првиот чекор што треба да го преземете. Секојдневно поместувајте го алармот да ве буди 15 минути порано - така ќе му овозможите на телото постепено да се навикне на промената, а деновите ќе ви станат попродуктивни.

Организирајте се

Првиот чекор е да ја избришете прашината од подзаборавениот нотес и конечно да почнете да го користите. Планирајте ги настаните и обврските на неделно ниво. На тој начин ќе бидете многу поефикасни бидејќи нема да треба да се грижите за тоа дали нешто заборавате.

Поставете цел за тековниот месец

Фокусот и мотивацијата да ги завршите дневните задачи се тесно поврзани со поставените цели. Почнете со нешто скромно - да речеме дека сте си поставиле цел овој месец да вежбате два дена во неделата. Штом ќе ја постигнете целта, зголемете ги вежбите на 4 дена во неделата.Потоа претворете го вежбањето во навика.

Секој од овие чекори е некаква цел, и доколку ова го практикувате подолго време за 5 години ќе постигнете неверојатни резултати во која било област на која сте се посветиле.

Бидете ефикасни во работата

Секогаш имајте листа на нешта кои треба да ги завршите во текот на денот. Без оглед на тоа колку е долга листата, секогаш подредувајте ги задачите по важност за да го избегнете паничното чувство на презафатеност.

Користете го времето паметно

Ова е совет што би ви го дал секој еден успешен бизнисмен, бидејќи тие добро знаат колку е важно времето - не дозволувајте си да го трошите на бескорисни работи. Проверувајте си го распоредот и листата на приоритети и цврсто чекорете кон врвот на кариерата.

Запрашајте се како да се подобрите

Колку и да сте талентирани и успешни во вашата работа, секогаш постои простор да се подобрите. Затоа запрашајте се што ви недостасува, што ќе ви помогне да ја постигнете целта, која вештина ќе ве направи подобри, во што треба да вложите…

Запишете курс, прочитајте книга, погледнете видео; едноставните нешта може да ве научат многу вештини кои ќе ги примените во секојдневниот живот.

Најдете си хоби

Фокусирајќи се на проект што не е врзан за вашето работно место ќе се ослободите од стресот и ќе се релаксирате. Дури и Стив Џобс имал свое хоби - тој се посветил на калиграфијата бидејќи мислел дека е нешто фасцинантно за кое науката нема доволно добар опис.

На почетокот воопшто не помислил дека токму ова хоби ќе му помогне при дизајнот на првиот Macintosh компјутер.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg