Грешки кои често ги правиме кога учиме нешто ново
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки кои често ги правиме кога учиме нешто ново

Сите се обидовме да научиме нешто ново, странски јазик, програмирање или играње шах. Ако сте како повеќето луѓе, најверојатно сте се откажале од учењето пред да ја совладате новата вештина.

ovie-greski-cesto-gi-pravime-koga-ucime-nesto-novo-01.jpg

Постојат многу грешки што ги правиме кога за првпат учиме нешто сосема ново, а ова се најчестите.

Немаме јасно дефинирана крајна цел

Без дефинирана крајна цел, можете лесно да ја изгубите мотивацијата или да се откажете кога ќе се сретнете со првата пречка. Направете разлика помеѓу лоша, добра и совршена цел.

Лоша цел: Сакам да научам странски јазик за да патувам следната година.

Добра цел: Сакам да научам шпански јазик за да ја посетам Шпанија следната година.

Совршена цел: Кога ќе бидам во Шпанија ќе зборувам со Шпанци најмалку 15 минути на шпански јазик.

Дали ја забележувате разликата? Она што целта ја прави совршена се прецизни детали, преку кои можеме да ја дефинираме целта. Кој, што, каде, зошто, како? Повеќето од нас си поставуваат премногу општи, неточни цели, и ова е првата грешка поради која не можеме да ја одржиме мотивацијата.

Ovie greski cesto gi pravime koga ucime nesto novo 02

Имаме нереални очекувања

Грешката што сите ја правиме е преценување на сопствените способности. Сите сме нестрпливи и сакаме сè веднаш, а често забораваме дека за големи дела е потребно време.

Иако е важно да поставиме големи цели тоа може да биде контрапродуктивно, ако навистина не веруваме дека можеме да ја постигнеме целта. Формулата за успех е: треба да си поставите голема цел, која ќе бара повеќе напор но нема да ни создава притисок.

Користиме погрешна стратегија

Треба да научите да изберете добра стратегија и да учите паметно. Кога ќе научите нешто ново, од време на време, размислете дали ја користите најдобрата стратегија.

Ovie greski cesto gi pravime koga ucime nesto novo 03

Се обидуваме сé да направиме сами

Кога учиме нешто ново, сите ние доживуваме нешто што се нарекува “линија на учење“. Оваа линија го покажува, не само напредокот што го имаме, туку и подемите и падовите на емоциите кои ги доживуваме во овој процес, од возбуда до тага.

Речиси во секој аспект од нашиот живот треба да имаме ментор кој ќе работи со нас, без разлика дали е тоа нашиот тренер или ментор на факултетот.

Доколку сакате да бидете во врвна физичка форма, контактирајте со експерт и следете ги нивните инструкции. Ако сакате да научите странски јазик, пронајдете приватен професор. Ќе бидете пријатно изненадени колку ќе постигнете со минимална помош.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како до унапредувањето што одамна го чекате? Нема ништо што демотивира повеќе од „тапкањето“ во место кога станува збор за ра...
5 совети кои ќе ви помогнат да го надминете неуспехот Како и се останато во природата, така и ние луѓето сме подложни на грешки кои шт...
Три начини како да не го изгубите умот во токсична работна средина Иако најдоброто решение против токсичната работна средина е да го напуштите тоа ...

Најчитани неделава