Почнувањето со работа пред 10 часот наутро е тортура, тврди експерт

Дали наутро ви се превртува во стомакот кога ви ѕвони алармот и треба да одите на работа, а вам не ви се напушта креветот?

pochnuvanjeto-so-rabota-pred-10-chasot-nautro-e-tortura-tvrdi-ekspert-01.jpg

Научникот Пол Кели од Оксфорд универзитетот тврди дека станувањето и одењето на работа пред 10 часот наутро е најголемата тортура на модерното време.

Вели дека телото на секој човек е програмирано, а ние со алармот се присилуваме себеси секој ден да се разбудиме порано пред нашите органи и мозок да бидат подготвени. Се бориме со природниот ритам на телото и тоа може да има негативни ефекти врз здравјето.

Почнувањето со работниот ден пред 10 часот може да предизвика несоница, емоционален и физички стрес и низа други проблеми.

pochnuvanjeto-so-rabota-pred-10-chasot-nautro-e-tortura-tvrdi-ekspert-02.jpg

Тој ја тестирал својата теза во училиште во Велика Британија, каде часовите наместо од 8:30 биле префрлени да започнуваат од 10 часот.

По одреден период било откриено дека продуктивноста на сите била подобрена и учениците добивале повисоки оцени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg