Што се случува со вашето тело кога работите работа која ја мразите?

Покрај тоа што немате желба да го напуштите креветот, има ред други и далеку посериозни последици од работата која упорно ја работите, иако ја мразите.

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-koga-rabotite-rabota-koja-ja-mrazite-001.jpeg

Отказот не е најдобро решение без да имате друга опција, која знаеме дека не секогаш е лесна, но овој текст е со цел да ве мотивира да почнете да барате алтернативи и подобри решенија.

Не се задоволувајте со „толку е, доста е, можеше да биде и полошо.“

Што точно му прави на вашето тело работата која ја мразите?

1. Работејќи работа која ја мразите ви се менува апетитот, како и навиките за редовно/нередовно јадење.

2. Вашето тело буквално се стега. Токму затоа чувствувате тензија и напнатост во вратот, рамениците, мускулите, вилицата.

3. Дигестивниот тракт не ви работи нормално, односно се појавува тешко варење, дуење и слични појави.

4. Почесто сте болни, бидејќи имунитетот не ви е отпорен, а за тоа е виновен константниот, хроничен стрес.

5. Се чувствувате „глупаво,“ односно меморијата и креативноста ви се сведени на минимум.

6. Не спиете добро, се мачите да заспиете или се будите среде ноќ.

7. Си ја саботирате сопствената иднина бидејќи сметате дека сте престари и дека е предоцна за било каква промена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg