Колку пари ни се потребни за да бидеме среќни?

Во желба да бидеме посреќни честопати трошиме пари на многу работи, мислејќи дека така ќе се чувствуваме подобро. Дали е ова вистинскиот пат и колку пари се потребни за среќа?

Kolku pari ni se potrebni za da bideme srekni 01

Со цел правилно да одговориме на прашањето колку пари се потребни за среќа, треба да бидеме искрени. И покрај тоа што не се гаранција за среќа, парите се важни.

За да ги заработите и искористите на вистински начин, понекогаш треба да ја промените вашата кариера или да изберете работа која ќе ви донесе големи приходи.

Заборавете на импулсивен шопинг

Сигурно некогаш сте имале лош ден, што сте сакале да го подобрите со шопинг. Тоа е во ред сè додека не купувате работи кои навистина не ви се потребни. Ако не сте сигурни дали она што го купувате ви е навистина потребно, одложете го шопингот.

Друга добра тактика која помага при купувањето е да се фокусирате на вредноста на предметот. Дали сакате некој да ви даде околу 4.000 денари или сакате да ви подари џемпер? Ако ги избравте парите тогаш џемперот не ви е толку потребен.

Работете го она што ве прави среќни

Изборот на работа е од клучно значење за среќниот живот. Ако подолго време го работите она што не ви се допаѓа, никогаш нема да бидете навистина среќни. Затоа многумина одлучуваат да ја променат работата и да изберат нова кариера.

Некој е среќен што може да работи од дома, па ќе се реши за веб дизајн или Java програмирање.

Kolku pari ni se potrebni za da bideme srekni 02

Среќата влегува низ устата

Големо влијание врз нашето задоволство ја има и храната. Ова е најизразено на работа, каде што јадеме ретко, не сфаќајќи дека на овој начин влијаеме на нашето расположение, но и на нашето здравје.

Планирајте ги оброците за работа, на овој начин ќе заштедите време и пари.

Престанете да купувате ситници

Можеби ќе ви звучи неверојатно, но во текот на месецот најмногу пари трошиме на ситниците кои вредат под 100 денари. Кога чекаме во редица во дуќанот ќе додадеме нешто ситно во корпата, бидејќи е евтино.

Оваа секојдневна навика е вистинската причина зошто се прашуваме каде ни отидоа парите?

Kolku pari ni se potrebni za da bideme srekni 03

Големите работи платете ги во готово

Кога купуваме работи со картичка многу е полесно да ги заборавиме парите, бидејќи не ги гледаме. Кога ќе плаќате во готово многу подобро ќе разберете колку нешто вреди со што повеќе ќе го цените она што го купивте. Научно е докажано дека многу потешко се решаваме да купиме нешто кога ќе сфатиме со колку пари треба да се простиме.

Кога ќе сфатиме дека не сакаме да бидеме богати, туку среќни, ќе ни биде многу полесно да се свртиме кон работите што навистина ни значат.

Колку пари ни се потребни за да бидеме среќни? Онолку колку што ќе им дадеме значење.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg