Како да останете фокусирани ако работите од дома?

Оние кои имаат привилегија да ја вршат работата од топлината на својот дом знаат дека ова е истовремено и среќа и проклетство. 

Kako da ostanete fokusirani ako rabotite od doma 01

Позитивната страна на работа од дома е што можете да си го организирате времето, не морате да седите во канцеларија, а присуството на шефот не е толку нападно.

Но ова ги има и своите недостатоци, како што е губење на фокус и непотребно губење на енергија, но мора да научите како да останете фокусирани. 

Работната средина ја создава работната атмосфера. Поради распоредот и изгледот на канцеларијата повеќето луѓе автоматски почнуваат да работат кога ќе влезат во канцеларија.

Но ако работите од дома малку е потешко да се фокусирате на работното темпо, особено ако сакате да правите нешто друго. Најважно е да не станете мрзеливи.

Вежбајте за да го зголемите нивото на адреналинот, појадувајте здраво и медитирајте за да го фокусирате својот ум.

Бидејќи не сте во традиционална работна средина, многу работи можат да ви го одвлечат вниманието, затоа е важно да го планирате времето. Направите распоред и држете се до него.

Без разлика дали ќе одлучите да работите осум часа или ќе ги вршите задачите во сегменти, држете се до овие одлуки.

Kako da ostanete fokusirani ako rabotite od doma 02

Исто така, внимавајте на вашиот био-ритам, ако сте попродуктивни во утринските часови тогаш работете наутро, а ако работите подобро во попладневните часови, тогаш работете попладне.

Луѓето секогаш сакаат да бидат во чекор со тековните настани, па е тешко да се одделиме од социјалните мрежи или телевизијата. За да не го изгубите фокусот додека работите, исклучете ги социјалните мрежи, телевизорот и слични уреди.

Отстранете ги сите работи кои не ви се потребни за работа. На овој начин ќе работите подобро, побрзо и поефикасно.

Постојат многу фактори кои влијаат на вашето расположение: информации од телевизија, времето, исхраната, емоционалниот статус.

Музиката е, исто така, еден од главните фактори што ги дефинираат нашите чувства, па внимателно изберете ја музиката што ќе ја слушате додека работите. Музиката би требало да биде незабележлива и позитивна, за да не ве дефокусира.

Kako da ostanete fokusirani ako rabotite od doma 03

Вашата работа е еден од главните приоритети, па не треба да им дозволувате на другите луѓе да ве дефокусираат. Вашите пријатели треба да бидат свесни за обврските и работата што ја имате и да го почитуваат вашето работно време.

Ако јасно ги поставите границите ќе избегнете можни несогласувања и конфликти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg