3 грешки во кариерата кои можат да ви го уништат угледот


3 грешки во кариерата кои можат да ви го уништат угледот

Дали некогаш сте погрешиле на работа? Секако дека да, сите некогаш сме направиле нешто што не требало и тоа е во ред. Грешките на работа се неизбежни, но понекогаш истите можат да ни предизвикаат големи проблеми.

3 greski vo karierata koi mozat da vi go unistat ugledot 01

Овие три грешки во кариерата не треба да ги правите, бидејќи можат да ви го уништат угледот:

Да добиете отказ (и да лажете за тоа)

Губењето работа е погубно, бидејќи може да биде показател за лошо работење или лошо однесување. Овие две работи веднаш се поврзуваат со зборот „отпуштен“, затоа е јасно зошто тоа би им наштетило на луѓето.

Без оглед на ситуацијата, важно е да бидете искрени, а вашата приказна треба да биде конзистентна со приказната на претходниот работодавец.

Доколку не успеете да добиете препорака од поранешниот работодавец, обидете се да добиете препорака од колега или менаџер со кој работевте во друго одделение. Препораките се секогаш важни.

3 greski vo karierata koi mozat da vi go unistat ugledot 02

Лоши односи со поранешниот работодавец

Честопати зборуваме и правиме работи за кои жалиме потоа, како давање отказ без најава, што е еден од најчестите начини на оштетување на врската со работодавецот.

Постојат начини да се искупите, доколку сте жртва на сопствениот бес. Признајте ја вашата грешка, бидете понизни и видите дали има нешто што може да се стори за да се поправи ситуацијата.

Испраќање на  е-пошта или приватна порака на социјалните мрежи е одличен прв чекор. Но најдобро е да се извините лично, ако е можно.

3 greski vo karierata koi mozat da vi go unistat ugledot 03

Романса со надредениот

Ако досега на работа не сте биле погодени од стрелата на Купидон, веројатно сте биле сведоци на неколку романси меѓу колегите.

Јасно е дека не сите романси на вработените водат кон катастрофи во кариерата, но романтичните односи помеѓу менаџерот или надредениот можат да доведат до обвиненија за фаворитизам.

Ова може да ѝ наштети на вашата кариера - особено ако компанијата забранува ваков вид однесување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како до унапредувањето што одамна го чекате? Нема ништо што демотивира повеќе од „тапкањето“ во место кога станува збор за ра...
Рамнотежата помеѓу работата и љубовта е невозможна мисија...или сепак ... Како вашата кариера да не ви ја уништува врската со личноста што ја сакате? Не м...
5 начини на кои работа од дома може да ви го спаси животот За повеќето од нас, патувањето на работа е појава која се повторува од понеделни...