Знаци кои укажуваат дека работите во токсична средина

Нормално е одвреме-навреме да имате лош ден на работа. Но, доколку ова се повторува многу често, можеби има и некаков проблем.

znaci-deka-vasheto-rabotno-mesto-e-toksichna-okolina-01.jpg

Всушност, ако лошиот ден на работа се претвори во лоша недела, а потоа во секојдневие, тогаш е време да преземете нешто.

Постојат неколку знаци што покажуваат дека всушност работите во токсична околина – нешто што може да има многу лошо влијание врз вас и вашето здравје.

Доколку забележите некој од следниве знаци, тогаш работите во токсично опкружување:

Не можете да заспиете

Многу психолози забележале дека нивните пациенти имаат проблеми со спиењето. Најчесто не можат да заспијат бидејќи мозокот постојано им работи, или пак се будат сред ноќ и почнуваат да мислат на нивните обврски.

Неколку вакви ноќи не се причина за грижа, но доколку ова стане постојано, тоа може да биде знак за токсична работна околина.

Доколку несоницата е поврзана со вашата работа, тогаш треба да промените нешто.

Чести главоболки

Мускулите во нашето тело се стегаат за да нè заштитат од повреди. Кога работното место го гледате како опасна зона, тогаш вашето тело ќе ги грчи мускулите.

Оваа хронична напнатост, пак, може да биде причина за мигрена и главоболки.

Неретко, стресот се манифестира и во физичка болка, па доколку главоболките зачестиле, време е за промена.

znaci-deka-vasheto-rabotno-mesto-e-toksichna-okolina-02.jpg

Напнатост во мускулите

Ако работите во токсична околина, мозокот го „преплавува“ организмот со адреналин и други стрес хормони. Како што веќе напоменавме, ова прави мускулите да се грчат, па постојано чувствувате напнатост.

Постојано очекувате да се случи нешто лошо и се подготвувате за најлошите сценарија.

Намален интерес за секс

Кога работните обврски ги носите во домот, ќе страдаат вашите врски.

Психолозите тврдат дека работниот стрес кај жените, може да има влијание врз нивната желба за стрес.

Кај мажите, пак, хроничниот стрес го намалува производството на тестостерон, што води до намалено либидо.

znaci-deka-vasheto-rabotno-mesto-e-toksichna-okolina-03.jpg

Влошено ментално здравје

Интензивниот стрес може да ги влоши постоечките проблеми со менталното здравје.

Ако веќе имате каков било проблем со менталното здравје, стресната работна околина дополнително ќе ви ги влоши симптомите.

Неправдата е еден од факторите кои можат да го влошат менталното здравје. Кога луѓето се соочени со неправда, искусуваат токсичен стрес и нивната самодоверба се разнишува.

Постојана болка во стомакот

Проблемите со варењето и подуеноста можат да се поврзат со стресот.

Стресот има влијание врз цревата и може да ја промени цревната флора. Ова, пак, може да влијае и врз вашето расположение.

Токму поради ова, кога сте вознемирени, можно е да чувствувате грчеви во стомакот.

Доколку сте забележале проблеми со стомакот, причината може да биде и токсичната работна средина.

znaci-deka-vasheto-rabotno-mesto-e-toksichna-okolina-04.jpg

Зголемен апетит

Кога сте под стрес, дигестијата во телото забавува за да можете да се фокусирате на опасноста пред вас.

Но, кога стресот е хроничен, се зголемува количеството на кортизол во организмот, а со тоа и чувството на глад.

Поради ова, кога се чувствуваме лошо, бараме утеха во храната.

Често се разболувате

Ако често настинувате, запрашајте се каква е вашата работна околина.

Бројни истражувања покажале дека хроничниот стрес го ослабува имунитетот, па станувате поподложни на настинки и други болести.

Токсичното опкружување може да направи и постојано да чувствувате замор.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg