Што никогаш НЕ треба да споделуваме со нашите колеги?

Нели е одлично тоа што можеби шансата за профит нѐ направила колеги, а смеењето и забавата нѐ направиле пријатели?

shto-nikogash-ne-treba-da-spodeluvame-so-nashite-kolegi-01.jpg

Постои посебно пријателство што се развива при споделување на дневните подеми и падови на животот на работното место.

Се разбира, ќе бидете поблиски со некои луѓе од останатите. Некои никогаш не ќе можат да го надминат статусот на колега, а други пак можеби ќе бидат пријатели низ целиот живот, дури и откако ќе престанат да работат заедно.

Но, без оглед колку сте блиски со некого, важно е да одржите строго ниво на доверливост кога станува збор за чувствителни информации.

Сѐ додека споделувате заедничко работно место, еве неколку предлози за работи што НЕ треба да ги споделувате: 

Плата

Единствената личност на работа со која треба да разговарате за платата е вашиот шеф или директор.

Немојте да паднете во искушение и да ги споделите овие приватни информации со колегите, без оглед на тоа колкава е блискоста помеѓу вас.

Доверливи информации за компанијата 

Ако сте во можност да имате пристап до доверливи информации за вашата компанија, за вработените или пак да слушнете информации за компанијата што сè уште не биле споделени со целата организација, бидете исклучително внимателни и чувајте ги во тајност.

Ако не го сторите тоа, може да има сериозни реперкусии, што придонесуваат кон негативно влијание врз вашата кариера.

Докажете дека сте доверливи и никогаш не создавајте причина некој да размислува поинаку.

Raboti-koi-nikogash-NE-treba-da-gi-spodeluvame-so-nashite-kolegi 02 630x340.jpg

Планирање на кариерата со вашиот шеф

Овие дискусии се претпоставуваат дека се доверливи и во ваш интерес е да ги одржувате на тој начин.

Разменувањето дискусии за идните можности или за вашето напредување во кариерата со другите би можело да ги направи односите непријатни.

Вашиот шеф може да ви предложи начини за напредување. Фокусирајте се да ги исполните неговите очекувања без да се жалите на соработниците.

Не ви треба мислење на другите за да одлучите која е можноста за ваш професионален раст.

Лични податоци 

Споделувањето на лични информации до одредено ниво е неизбежно на работа, но сепак држете го настрана она „нешто“ што не сакате некој да го знае.

Луѓето природно во себе имаат начин за исцрпување и донесување на пресуди, дури и ненамерни.

Зачувајте ги личните дискусии и споделувања за вашите најблиски пријатели и одржувајте ги деловните пријателства на професионална страна.

„Вие сте најдобриот работник во канцеларијата“ или што и да сакаат да слушнат

Давањето комплимент на соработник може да изгледа безопасно, но да се каже „бела лага“ затоа што тоа е она што вашиот соработник сака да го слушне никогаш не е добра идеја.

„Кога некој во канцеларијата го чувствувам како пријател, за него би било воодушевувачки да му кажам дека направил одлична работа, иако тоа е далеку од вистината“, признава еден веб дизајнер.

„Но, тоа не е добро ниту за него, ниту пак за мене, затоа што тој ќе продолжи да работи со просечно темпо, мислејќи дека го достигнал врвот. Сепак, вистината помага секому.“

„Го мразам нашиот шеф“ или што било друго навредливо за вашиот работодавец

Можеби кон лицето за кое работите немате посебни симпатии, но тоа не значи дека треба да ја споделувате вашата фрустрација поврзана со шефот со вашиот соработник.

Покрај вашата блискост, никогаш не можете да знаете што тие би можеле да помислат и пренесат низ останатиот колектив или пак уште полошо, директно на вашиот шеф.

Raboti-koi-nikogash-NE-treba-da-gi-spodeluvame-so-nashite-kolegi 03 630x340.jpg

Затоа, во иднина имајте на ум неколку работи:

- Размислете двапати пред да споделите какви било информации.

- Ако се сомневате дека информациите кои веќе сте ги споделиле се доверливи, земете го тоа како предупредувачки знак, за во иднина никогаш да не ви се повтори.

- Работните односи постојано се менуваат. Вие би можеле да станете нечиј шеф или тие да станат ваши.

- Можете да промените работни места и повторно да станете соработници на друго место на вработување.

- Останете почитувани и доверливи, чувајќи ги доверливите информации безбедни.

- Вашата кариера, успех и углед зависат од тоа.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg