Дали е можно да се развие и задржи пријателството на работа?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


Дали е можно да се развие и задржи пријателството на работа?

Дали пријателствата што ги стекнуваме на работа се исти како оние надвор од неа? Ако е така, зошто често губиме контакт со пријателите на работното место кога ќе ја смениме позицијата или фирмата?

Dali e mozno da se razvie i zadrzi prijatelstvoto na rabota 01

Меѓусебно разбирање, сочувство, давање и примање, споделување на доброто и лошото… сите овие атрибути им ги припишуваме на нашите пријатели и на заедничката врска во која вложуваме време и емоции.

Ако пријателствата функционираат на тој начин во приватниот живот, треба да функционираат на ист начин и на работното место, нели? Дали е можно да се развие и да се задржи пријателство на работа?

Правилата на пријателството, да ги наречеме така, се прилично јасни, но нашите очекувања, па дури и дефиницијата на пријателството, надвор од работа и на работа, не треба да бидат исти.

На пример, Аристотел го ценел пријателството, но го разликувал според јавно и лично ниво. Во општеството, принципите на пријателството и соработката го поттикнуваат она што е добро кај граѓаните, додека приватно им помагаат на поединците да водат исполнет, среќен и квалитетен живот.

Според грчкиот филозоф, пријателствата се засновале на корист и на задоволство, тие биле и средство и цел.

Пријателства на работно место започнуваат со заеднички проект и работа, а кога таа работа ќе се прекине на кој било начин, пријателствата најчесто престануваат, бидејќи главната основа за нив повеќе не постои.

За да продолжиме со ова пријателство потребен е посилен мотив, отколку запознавање на нечии работни вештини и етика.

Dali-e-mozno-da-se-razvie-i-zadrzi-prijatelstvoto-na-rabota-02.jpg

Можеме ли воопшто да ги наречеме врските што ги воспоставуваме со колегите пријателство? Или би било фер да ги опишеме овие односи како нешто повеќе од познаник, а помалку од пријател, како врска што опфаќа само работа?

Како да се однесуваме кон нашиот пријател, кој е, исто така, и наш колега, кога деловните резултати не се добри? Како да му кажеме дека е неефикасен, ако со него споделивме шише вино ноќта пред тоа, организиравме семеен собир и, патем, знаеме дека неговиот брак се распаѓа?

Ваквите блиски односи со колегите, особено кога станува збор за различни степени на хиерархија, можат да ги стават луѓето во тешка и компромитирачка ситуација да мора да избираат помеѓу работата и пријателството.

Потребни се околу три години за да се развие вистинско пријателство. На работното место многу побрзо наоѓаме пријатели, затоа што секојдневно се гледаме и делиме ист простор. Во исто време, честопати сме подготвени да го споделиме и она за што не треба да зборуваме.

Dali e mozno da se razvie i zadrzi prijatelstvoto na rabota 03

Мотивите се различни, но најчесто ова го правиме, бидејќи сакаме да им се допаднеме на нашите колеги и не сакаме да се чувствуваме осамено.

На новите колеги не треба да им се пристапува со недоверба, но за да се развие доверба, потребни се повеќе од неколку кафиња.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 Начини на кои несвесно си ја уништувате кариерата Ја сакате ли вашата работа? Тогаш преземете некои чекори за да ги тргнете оние с...
Проверувањето на социјални мрежи за време на работно време не ве прави лош работник Сите ние барем еднаш во денот, додека сме на работа го проверуваме својот телефо...
Три начини како да не го изгубите умот во токсична работна средина Иако најдоброто решение против токсичната работна средина е да го напуштите тоа ...

Најчитани неделава