Навики на милионерите кои сами го заработиле своето богатство

Сите луѓе кои станале милионери морале да започнат од некаде. 

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-01.jpg

Повеќето од нив се трансформирале од „обична“ личност во милионер благодарение на „навиките на богатите“.

Ова е термин смислен од Томас К. Корли, кој поминал 5 години проучувајќи ги секојдневните навики на 177 милионери кои самите го заработиле богатството.

Па, ако и вие сакате да спаѓате во оваа група луѓе, погледнете кои се навиките што ги забележал Томас:

Постојано читаат

Богатите луѓе повеќе сакаат да научат нешто отколку да се забавуваат. Наводно, тие секој ден минуваат барем половина час во читање и едуцирање.

Најчесто читаат биографии на успешни луѓе, книги за самопомош и личен развој, како и историски книги.

Вежбаат

76% од богатите вежбаат секој ден, а најчесто трчаат, пешачат или возат велосипед. Овие физички активности не само што го зајакнуваат телото, туку се добри и за вашиот мозок.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-02.jpg

Се дружат со други успешни луѓе

Досега сигурно сте слушнале дека вие сте успешни само колку луѓето со коишто се дружите.

Богатите луѓе секогаш бараат личности кои се оптимисти, кои имаат цели и кои имаат позитивен поглед кон светот.

Волонтираат

Бидејќи сакаат да се опкружат со добри луѓе, многу богати личности волонтираат. Дури 72% од нив волонтираат барем 5 часа секој месец.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-03.jpg

Го замислуваат нивниот совршен живот

Ова е техника со која си го замислувате идеалниот живот. Во овој процес, вие ја дефинирате вашата иднина, си замислувате дека ги постигнувате целите, а потоа запишувате што треба да правите.

Ги следат нивните цели

Следењето на вашите цели и желби е рецепт за долготрајна среќа, но и за стекнување богатство.

Богатите луѓе имаат јасно дефинирани цели и прават сè за да ги постигнат.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-04.jpg

Спијат барем 7 часа навечер

Сонот е клучен за вашиот успех. Според едно истражување, 89% од милионерите спијат 7-8 часа секоја вечер.

Се будат рано

Речиси 50% од милионерите изјавиле дека се будат 3 часа пред да им почне работниот ден.

Ова е одлична стратегија со која наутро ќе имате време за себе, а истовремено ќе го избегнете стресот од брзањето да стигнете на работа и слично.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg