Луѓе кои се збогатиле на чудни начини
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


Луѓе кои се збогатиле на чудни начини

Кога ќе помислите дека вашата бизнис идеја е луда, ќе се изненадите колку од луѓето стигнуваат до својот прв милион со помош на откачени идеи.

lugje-koi-se-zbogatile-na-cudni-nacini_001.jpg

Овие 3 приказни се за луѓе кои се збогатиле на многу чуден начин:

Медузи во аквариум

Младиот биолог Алекс Ендон забележал дека во ниту една продавница каде се продаваат риби и други домашни миленичиња не може да се купат медузи. Решил тоа да го промени.

Потрошил речиси 50.000 долари за специјален аквариум во кој ќе ги одгледува овие суштества од длабочината.

Набрзо почнал да ги продава и можел да се пофали со заработка од половина милион долари.

Денес заработува двојно повеќе на годишно ниво.

Парфеми со мирис на треба, земја и тениски топчиња

Марк Гејмс, сопственик на брендот Demeter ја купил оваа компанија во 2003-та година и решил засекогаш да ја промени понудата на парфеми.

Неговата револуционерна идеја била на јавноста да ѝ претстави нетрадиционални мириси, како парфеми со мирис на домати, земја, трева, па дури и тениски топчиња.

На изненадување на многумина, компанијата бележи само успех, а денес негови муштерии се Холивудски ѕвезди кои сакаат да мирисаат уникатно.

Реклами на глава

Американецот Брендон Чикотски оќелавел уште во младоста, но не дозволил тоа да го обесхрабри, туку нашол начин да заработи од својот „недостаток.“

Одлучил да биде подвижна реклама и направил привремени тетоважи на некои брендови.

Во меѓувреме основал компанија која ги поврзува ќелавите луѓе кои сакаат да бидат подвижен рекламен простор и компаниите кои сакаат да го искористат овој чуден тип на маркетинг.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Споделуваме искуства: „Како работењето по 80 часа неделно ми го уништи здравјето?“ Три од пет луѓе признаваат дека се соочуваат со проблеми со менталното здравје п...
3 важни работи кои секоја жена треба да ги промени кај себе за да биде успешна Секоја жена посакува да биде успешна, но тоа не се постигнува преку ноќ и потреб...
5 знаци дека никогаш нема да бидете богати Наспроти популарното верување дека сите имаат еднаква шанса да се збогатат, пров...

Најчитани неделава