Оглас за платена пракса во CRNOBELO.com

Нова година, нови одлуки. Ние решивме да дадеме можност на еден од вас да биде дел од нашиот тим и да го споделиме нашето знаење и искуство.

oglas-za-platena-praksa-vo-crnobelo-com-01.jpg

Сакате да бидете дел од тимот на најчитаниот лајфстајл портал во земјава?

Отворивме позиција за платена практикантска работа во нашите канцеларии во Скопје.

Времетраење на праксата: 3 месеци

Работно време: 8 до 16 часот, понеделник до петок

Потребни способности:

- Студент или дипломиран на отсек новинарство, филолошки и други сродни факултети се предност

- Талент за истражување и пишување на квалитетни и креативни текстови

- Следење на светските трендови, информации и новости

- Беспрекорно познавање на македонски јазик, граматика и правопис

- Одлично познавање на англиски јазик

- Познавање на MS Office и алатки за уредување фотографии

- Желба за учење и надоградување на своето знаење

Работни обврски:

- Креирање содржини за CRNOBELO.com

- Уредување на содржини – текст и фотографии

- Постојано следење на светските трендови на забавните онлајн медиуми

Доколку сакате да бидете дел од тимот на CRNOBELO.com и сметате дека би биле соодветни за оваа позиција, испратете ни го вашето CV и мотивационо писмо на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Рокот за достава на апликацијата е 13.01.2020

Некомплетните апликации нема да се разгледуваат.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg