5 работи кои можеш да ги правиш додека си дома, а ќе ти помогнат во работата

Иако колку повеќе сме дома, толку повеќе филмови и серии настојуваме да изгледаме, не мора да стагнирате на поле работа.

5-raboti-koi-mozes-da-gi-pravis-dodeka-si-doma-a-ke-ti-pomognat-vo-rabotata-001.jpg

Седењето дома може да ви биде одлична шанса да се надградите, ако тоа го сакате.

Изговорот немам време повеќе не важи, а ова се 5 активности кои може да ве извадат од мрзеливиот период во кој сте западнати и воедно да се покажат како корисни во работата во иднина:

1. Освежете ги информациите на социјалните мрежи

Ова е идеално време да се посветите на некои рутински работи за кои претходно немавте ни минута. На пример, освежување на CV-то и онлајн профилите поврзaни со работа. Прилагодете ги и фотографиите.

2. Учете онлајн

Запишете онлајн курсеви за работите за кои никогаш не најдовте време, а сакавте да ги знаете. Стекнете нови вештини и знаења кои кога ќе се вратите на работа ќе ви се најдат од помош.

3. Започнете свој блог или профил на социјалните мрежи

Денес социјалните мрежи се најлесниот начин да се пробиете во она што сте добри. Па, од каде да знаете, можеби токму сега ќе ги поставите темелите за сопствен бизнис во иднина.

4. Започнете некој проект од задоволство

Не мора да е тесно поврзан со вашата кариера. Истражете нови опции. Видете што ве привлекува, што ве тера да работите повеќе и со помалку напор. Ништо не губите.

5. Читајте бизнис книги

Учењето низ книгата е еден продуктивен, а сепак опуштачки начин на кој можете да го проширите знаењето.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg