Зошто не треба да останувате предолго на едно работно место?

Сите веруваме дека истото работно место значи стабилност и сигурност, но и тоа си има свои недостатоци и маани.

zosto-ne-treba-da-ostanuvate-predolgo-na-edno-rabotno-mesto-1.jpg

И додека за работодавачите не е добар знак ако ги менувате работите пречесто, сепак од друга страна ретко вработуваат човек со искуство во само една фирма, на едно работно место, иако не значи дека секогаш и секаде е така.

Факт е дека секој си има право да си одлучи за својата кариера и својот развој, но кога останувате на едно работно место предолго...

- CV-то ви е сиромашно и „отпорно“ на новите трендови и способности кои се бараат (со чест на исклучоци на оние кои се активни на сите страни).

- Имате ограничен број на професионални контакти, мрежата не ви се проширува доволно.

- Немате пракса во барање на работа и не сте опуштени при работните интервјуа.

zosto-ne-treba-da-ostanuvate-predolgo-na-edno-rabotno-mesto-02.jpg

- Вашата кариера стагнира. Престанувате да се прашувате што друго би можеле да работите, што би било подобро и поинтересно за вас. Престанувате да ги истражувате вашите таленти и заглавувате во комфор зона.

- Почнувате личноста и карактерот да си ги идентификувате преку работата и работното место. Тешко ја одвојувате приватноста од кариерата.

- Станувате задоволни со она што го имате постигнато, иако знаете дека можете подобро и уште повеќе.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg