Бизнис етика при патување

biznis-etika-pri-patuvanje-povekjeДоброто однесување и добрите манири треба да претставуваат заштитен знак на секој успешен бизнисмен. Често се вели, со право, дека...


...првиот впечаток е најважен. Ова непишано правило важи и во деловниот свет.

biznis-etika-pri-patuvanje

Кога бизнис етиката е во прашање, првите впечатоци можат да бидат од огромно значење - тие можат да влијаат врз идните бизнис соработки, угледот на компанијата и резултатот на бизнис зделките.

Императив на секој бизнисмен кога патува во странство е да биде запознаен со културните разлики карактеристични за земјата од која доаѓа неговиот клиент, односно бизнис партнер. Бидејќи постојат многу различни култури, невозможно е да се сумираат сите видови на бизнис етика карактеристични за тие култури. Поради тоа, во продолжение ќе издвоиме дел од најважните.

Во најголемиот број на случаи, двајца бизнис партнери од ист пол при нивната средба се ракуваат. Во некои земји, како што е Кина, нежното ракување може да биде иницирано или да биде заменето со мало поклонување на рамениците.

Ова е карактеристично и за Јапонија, но поклонувањето е подлабоко т.е. колку е подлабоко поклонувањето, толку е поголема почитта.

Ракувањето проследено со соодветна насмевка и директен контакт со очите претставува бизнис етика која е карактеристична за земјите во Латинска Америка и Европа.

Во делови од Блискиот Исток и Азија, добрите манири вклучуваат нежно ракување и поздрав, како на пример  “As-Salamu Alaykum” (салам алеjкум), некогаш проследено со кратка прегратка (Турција/Авганистан) или два/три бакнежи во образ (Арапски полуостров).

Во муслиманските земји ширум светот, без разлика дали се наоѓаат во Азија, Африка или Блискиот Исток, никогаш не треба да се ракувате со лева рака, бидејќи левата рака асоцира на нечистотија.

Подготвил:
Дарко Аврамовски
ЕМБРА

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg