„Нарцис“ - успешен бизнисмен?!

qnarcisq-uspesen-biznismen-povekjeНовите истражувања покажуваат дека нарцисите се одлични во убедувањето дека нивните идеи се креативни, дури и кога се само просечни.


Групите во кои има нарциси се покажале поуспешни и со подобри идеи од групите каде немало ниту еден нарцисоиден човек. Се чини, нарцизмот и креативноста одат рака под рака.

qnarcisq-uspesen-biznismen

Креативните луѓе често се гледаат како одважни, гладни за внимание и полни со предрасуди за идеите на другите. Тие често се доведуваат во позиции на важност во областа во која работат (пример, Пабло Пикасо и сликарството), што укажува на нивните способности и идеи, нешта кои другите ги немаат. Но, дали е тоа точно?

Тројца психолози од Универзитетите Корнел и Стенфорд, со цел да видат дали нарцизмот е благодет во бизнисот, поделиле 292 студенти во четири групи и побарале од нив да изготват предлози за подобрување на бизнис перформансите.

Се покажало дека тимовите кои имале повеќе нарциси во своите редови генерирале повеќе идеи т.е. дека присуството на нарцисите го помогнува изнесувањето на идеи. Но, ако има премногу нарциси во една просторија, ќе има и премногу ега, што може да пречи во конечниот резултат.

Психологот Кемпбел од Универзитетот во Џорџија вели дека со истражувањето е опфатена важна тема на еден паметен и прифатлив начин. Идеално, вели тој, бизнисите би можеле да се фокусираат на нарцисоидните црти на луѓето кои работат во нив.

Себе-промоцијата, на пример, е важна вештина, но придобивката од неа е можна само ако сите сфаќаат колку истата, доколку оставена да се одвива неограничено, може да ја наруши продуктивноста и односите во работната средина.

Што мислите вие? Дали нарцисоидните луѓе навистина имаат потенцијал да бида успешни бизнисмени?

Дарко Аврамовски
ЕМБРА

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg