Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Организирајте се подобро

organizirajte-se-podobro-povekjeФакт е дека современиот маж има толку многу обврски што не може ни да замисли да живее поопуштено. Сигурно е и на сите ни е...


...јасно дека живеењето во таков ритам, забрзано темпо, ниту е здраво ниту е препорачливо, затоа што на подолги патеки може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

organizirajte-se-podobro

Другите работи можеби и не треба толку да не загрижуваат, но здравјето? Тоа е секогаш на прво место за сите нас. Ако немаме време, тогаш што ни е потребно? Подобра организација.

Ајде да бидеме чесни кон себе. Да седнеме, да земеме лист хартија и пенкало и да во наредните десет дена да ги бележиме сите наши активности.

Кога ќе направиме десетдневен биланс, детално треба да го анализираме распоредот на активности за да го исфрлиме сето она што не може да се вклопи во „ни итно ни битно“. Зошто?

Затоа што тоа се ставки кои ни одземаат премногу време, а придобивката е еднаква на нула. Од она што ни преостана на списокот треба да направиме листа на приоритети, а дел од викендот да одвоиме за завршување на ситни работи кои не сме успеале да ги направиме во текот на неделата.

Во текот на работната недела треба да избегнуваме седенки – така ќе бидеме поодморени и поефикасни на работа, а на крајот од работното време поопуштени.

Дружењето со пријателите секогаш може да се остави за викенд. Ако ни се вистински пријатели, нема да се лутат поради вашиот распоред на времето.

И на крајот, многу е важно да си определиме време за рекреација (теретана, фитнес, фудбал, кошарка, трчање...). треба да се потрудиме што повеќе да се занимаваме со спорт, или барем што поредовно.

Сè останато може да се одложи, но на нашето тело му е потребна рекреација.

Би можело да ве интересира:

6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg