Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се дружите ли со колегите?

se-druzite-li-so-kolegite-povekjeБез разлика колку ја сакате вашата работа, доколку не се сложувате со колегите ќе бидете незадоволни. Природно е да сакате да бидете во добри односи...


...со колегите и да се спријателите со нив, но прашање е како ќе се одрази вашето приијателство на одржувањето на професионализмот на работното место.

Ова се три вообичаени сценарија:

se-druzite-li-so-kolegite

Заедно во теретана. Каде ќе најдете подобро друштво за во теретана, ако не во колегите кои што имаат ист работен распоред со вас. Но, пред да се запишете заедно размислете дали ова ќе влијае на вашата работна динамика.

Како ќе реагираат вашиот шеф и колегите на работа на ова зближување? Добра идеја би била да ги повикате и останатите колеги за да не се чувствуваат исклучени.

Излегување на пијалок по работа. Дружењето по работа е одличен начин да се зближите со колегите и да ја зацврстите врската. Ако повременото одење на пијалок по работа се претвори во редовно одење, можеби нема секогаш да имате време за тоа, а се плашите дека така ќе пропуштите важни информации кои по правило се дознаваат по работното време.

Пријателствата можат да и користат на вашата кариера. Пријателите можат да ви помогнат да најдете работа, да ве информираат за нови позиции, или да ви донесат нови клиенти, но не смеете да дозволите алкохолот во крвта да ви го наруши професионализмот. Без разлика што не сте на работа во комуникацијата со колегите мора да поставите граници.

Дружење со колегите преку викенд. Ако со колегите се дружите и преку викенд, сте ја поминале границата колега - пријател. Иако ова може да ви се чини како идеална ситуација, обидете се да избегнувате разговори за работата во слободно време. Занимавајте се со други работи, а не само со работа. Отидете на концерт или кино, на тој начин ќе добиете нови теми за разговор.

Викендите секогаш ја презентираат другата страна на нечија личнст и луѓето обично сакаат, деловната политика, канцелариските трачеви и работата да ги остават зад себе.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg