Жената која до 33 години успеала да заработи милиони „во машкиот свет“ - која е Витни Вулф Херд?

Запомнете го нејзиното име. Витни Волф Херд е една од најмоќните претприемачи во „машкиот свет“ на технологијата. Оваа генијалка ја лансираше апликацијата за запознавање Bumble, откако драматично го напушти Тиндер во 2014 година и се тужеше со нејзиниот поранешен шеф, кој го обвини и за насилство и закани.

Koja-e-Vitni-Vulf-Herd-01.jpg

Таа има само 33 години, а веќе успеа да заработи милиони, благодарение на апликацијата за запознавање Bumble која самата ја создаде. Нејзината приказна инспирира многумина и е најдобар доказ дека жените навистина можат сè кога ќе наумат.

Во 2019 година, Витни Волф Херд беше прогласена за најмладата милијардерка во светот од страна на Форбс, која заработила сопствено богатство.

Денес, поради падот на вредноста на акциите на Bumble има „само“ 940 милиони долари.

https://www.instagram.com/p/B1jx-e_H17S/

Оваа генијалка ја лансираше апликацијата за запознавање, откако драматично го напушти Тиндер во 2014 година.

View this post on Instagram

A post shared by Whitney Wolfe Herd (@whitney)

Таа потоа го тужеше својот поранешен работодавец за сексуално вознемирување и дискриминација, тврдејќи дека ѝ е одземена титулата коосновач и наводно добивала закани и навредливи пораки од нејзиниот поранешен шеф, кој исто така ѝ бил и партнер.

Случајот беше брзо разрешен од страна на Тиндер, пред Волф Херд самата да се впушти во претприемачките води, барајќи помош од рускиот милијардер од Лондон, Андреј Андреев.

Таа добила идеја да создаде алтернативна апликација за запознавање, која е фокусирана на обезбедување посигурна средина за жените.

Концептот на апликацијата е дека само жените можат да го остварат првиот контакт.

Иако потекнува од богато семејство, во кариерата наидувала на препреки со кои се соочиле многу жени во светот на технологијата.

На само 22 години, Волф Херд се вработила во компанија наречена Хеч Лабс, каде ги запознала Шон Рад и Крис Гулчински, кои подоцна станале развојниот тим на Тиндер.

Се тврди дека таа го дизајнирала името и логото на апликацијата, како и дека таа е одговорна за растот на популарноста на Тиндер помеѓу студентите.

Таа сега законски не може да зборува низ што поминала во Тиндер, но тужбата е решена за нешто повеќе од милион долари. Шон Рад набргу потоа поднесе оставка како извршен директор на Тиндер, па се шпекулира дека ја злоупотребувал.

По правната битка, Витни се соочила и со жестоко дигитално насилство.

„Бев обземена од омразата на интернет, со многу агресивно однесување, луѓе кои ме нарекуваа со имиња, навистина болни работи кои никогаш не сум ги доживеала. Чувствував како целата моја самодоверба што ја имав да ми е исцицана.

Имаше мрачни времиња кога мислев: „Па, тоа е тоа. Нема повеќе да имам кариера. Имам 24 години, доаѓам од една од најпопуларните светски технолошки компании, но интернетот ме мрази“. Тоа беше страшно време. Потоа, едно утро се разбудив и си помислив: „Ќе се издигнам“, изјавила таа за Times во 2018.

Колку се работи кога си милионерка?

Витни обично се буди секое утро во 5:15 часот и веднаш почнува да одговара на мејловите. Светските медиуми дури пишуваа дека таа се буди на секои два часа во текот на ноќта за да си го провери сандачето.

„Немам одмор. Немам викенд, не живеам како 20-годишник откако ја основав Bumble 2014“, признала таа.

Таа се омажи за нафтениот наследник од Тексас, Мајкл Херд, на тридневна церемонија на италијанскиот брег на Амалфи во 2017 година. Имаат еден син, а во моментов таа е бремена по вторпат.

Двојката првпат се запознала на скијање во Аспен во 2013 година, но Витни го видела за прв пат на апликација за запознавање.

„Тој има лице кое се памети“, изјавила таа за Телеграф.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg