„Нашата банковна сметка е огледало на нашите уверувања во однос на парите“ – Кристина Дескоски, прв сертифициран РТТ терапевт

Нашата банковна сметка е огледало на нашите уверувања во однос на парите. Дали ова е добра или лоша вест за вас?

nashata-bankovna-smetka-e-ogledalo-na-nashite-uveruvanja-vo-odnos-na-parite-kristina-deskoski-prv-sertificiran-rtt-terapevt-01.jpg

Ако сме свесни дека нашите уверувања се склоп на мисли кои постојано ги повторуваме во нашата глава а имаме апсолутна моќ да ги промениме, тогаш оваа е одлична вест.

Колку заработуваме и колку долго парите остануваат кај нас зависи од нашиот однос кон нив. Затоа што парите не се ништо друго, само енергија.

Ако на потсвесно ниво длабоко веруваме дека не заслужуваме пари и не сме доволно добри, тогаш ќе добиваме околности каде што губиме пари, не добиваме доволно или ги трошиме многу брзо.

Во зависност од степенот на нашето уверување во однос на финансиите, секој од нас создава таканаречен „финансиски термостат“.

Како до финансиско изобилство?

Знаејќи дека парите се дел од нашето секојдневие и навлегуваат во секоја пора од нашето живеење, апсолутно е тема на која треба да се посветиме ако нашиот однос со парите е негативен.

Еден од првите чекори кои треба да се преземат е да се откријат нашите потсвесни, а потоа и свесни уверувања во однос на парите.

Што е тоа што длабоко верувате дека ќе се промени ако имате многу пари?

Дали сметате дека парите ќе ги расипат односите со вашите најблиски?

Дали сметате дека парите ќе ве направат полоша личност?

Кога ќе дојдете до сознание на вашите уверувања, прашајте се дали тоа воопшто има смисла. Најчесто се тоа уверувања кои сме ги презеле од другите.

Многу важно е исто така да бидете свесни за вашите емоции во однос на парите.

Како се чувствувате кога ќе го погледнете балансот на вашата банкарска сметка?

Како се чувствувате кога трошите, штедите и подарувате пари?

Одговорот на овие прашања ќе ви помогне да го подобрите односот со парите.

nashata-bankovna-smetka-e-ogledalo-na-nashite-uveruvanja-vo-odnos-na-parite-kristina-deskoski-prv-sertificiran-rtt-terapevt-02.jpg

Треба ли да се штеди или парите треба да се уживаат?

Потребен е баланс помеѓу трошењето и штедењето. И тоа треба да биде во склад со вашите емоции.

Една од најчестите совети на финансиските експерти е тоа дека треба да штедиме.

Но, постојат два начини на штедење:

  • Негативно штедење: Штедиме со страв дека ќе дојдат „црни денови“ и грчевито ги држиме парите или
  • Позитивно штедење: Штедиме со позитивна енергија знаејќи дека тие пари ќе ни служат во иднина да создадеме или купиме нешто

Огромна е разликата помеѓу овие два начина на штедење поради емоцијата што ја емитуваме. Затоа што за да имаме здрав однос со парите потребно е да бидеме во склад со секоја акција што ја преземаме во однос на парите.

Како да не чувствуваме грижа на совест доколку заработуваме повеќе од пријателите?

Тоа што заработуваме повеќе од нашите пријатели треба да претставува само поттик и пример за нив дека и тие можат да го постигнат тоа ниво.

Наместо да чувствуваме грижа на совест, треба да ја промениме нашата перцепција и да претставуваме инспирација за другите.

Парите и изобилството се неограничени и секој има пристап до нив, само треба да го подобрат односот кон нив.

Дали и зошто не треба или треба да се фалиме и да истакнуваме дека имаме многу пари?

Парите се многу деликатна и интимна тема и многу луѓе избегнуваат разговор на оваа тема.

Во зависност од тоа колку сме блиски со личноста и во каков однос е таа со парите треба да бидеме претпазливи дали и колку ќе зборуваме за нашата финансиска состојба.

Од една едноставна причина што можете да предизвикате несвесни и болни уверувања и можат да се чувствуваат навредени. Што апсолутно нема никаква врска со вас и вашата состојба.

Но, доколку личноста е доволно отворена да зборува на оваа тема и сака совет како и таа да заработи повеќе, апсолутно бидете инспирација и од помош и споделете ги вашите тајни.

Текстот го подготви Кристина Дескоски, прв сертифициран РТТ терапевт во Македонија и основач на The Soul Atelier програмите.

Кристина може да ја следите на Фејсбук и Инстаграм.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg