„Дружбата е дружба - службата е служба“

Дали го проверувате вашето електронско сандаче надвор од работното време? Дали пред да заспиете, ги размислувате сите состаноци кои треба да ги имате утре? Дали се чувствувате лошо кога ќе видите пропуштен повик од работа, а вие не сте се јавиле? Дали го носите вашиот телефон во тоалет?

druzbata-e-druzba-sluzbata-e-sluzba-01.jpg

Доколку на повеќето прашања си одговоривте позитивно, време е да застанете!

Кога сте заљубени во својата работа и сите обврски ги завршувате како песна, тогаш најверојатно не сте свесни колку брзо може да ве проголта деловниот свет.

Зад секој амбициозен работник, стои уште поамбициозен шеф, па затоа немојте премногу да се истакнувате и покажувате.

Со тоа нема да пораснете во поголем работник од тоа што сте, ниту пак работата доцна во ноќта некој ќе ја вреднува повеќе, отколку времето што ќе си го поминете правејќи нешто што го сакате.  

Иако колешката е среќна бидејќи некој ѝ помогнал со ексел табелата, во меѓувреме преземавте на грб обврски од колегата кој е на боледување... Но, сепак, тоа не ви додава вредност, ниту пак вашите колеги ќе ви кажат утре „Фала“.

Слободно поставете граници

Ако почнувате да го мешате приватното со деловното и се наоѓате како размислувате за работа кога имате слободно време, нешто не е во ред. Оттука се јавува честа напнатост, главоболка, анксиозност.

Поставете граници. Работата не ве дефинира вас и вашиот живот.

Застанете пред огледало и размислете за себе и своите принципи. Секогаш ќе има шеф кој ќе ве замоли „Ај само уште ова заврши го, па оди”, „Да работиме во недела, да добиеме на време”...

Свесни сме дека ретко кој менаџер има чувство за време и место, па не си дозволува да пише во секое време кога ќе му текне.

Запомнете: „Ништо не е толку итно како што се презентира. Да било итно – ќе било завршено навреме”.

druzbata-e-druzba-sluzbata-e-sluzba-02.jpg

Разберете ја важноста од поставување на граници

Човек кој не ставил граници е преморен човек. Доколку вашиот умор ве совлада, многу веројатно е дека ништо нема да завршите ефективно.

Границите служат за да го поделите денот на работно и слободно време.

Да извлечете најдобро од двата дела и да бидете среќни и задоволни, како приватно, така и професионално.

Планирајте си го времето

Вие сте господар на вашето време, па затоа не треба да трчате избезумени наоколу со сите обврски кои ги имате. Мудро направете организирација на приоритети и обврски, како се би завршиле успешно во денот.

Детето ќе биде однесено во градинка, мејловите ќе бидат испратени, работата завршена до 17 часот, а вие ќе можете малку да издишите и да поуживате во времето кое ви преостанува.

druzbata-e-druzba-sluzbata-e-sluzba-03.jpg

Моќта на “Не”

Нормално е нешто да не знаеме. Или едноставно да не сакаме да го сработиме. И тоа е сосема ОК. Научете се да кажете НЕ за секој час прекувремена работа која не е платена, за секоја пропуштена роденденска забава, за викендот со семејството кој го планирате.

И не треба да објаснувате понатаму. Тоа не ве дефинира како дрска личност, ниту пак ве прави себичен човек.

На крајот од денот, работата е само работа за која сте платени. За некој е мотивација плус, за некој само извор на егзистенција, но приватното и деловното не се меша. Секогаш ќе остане дружбата за надвор, службата за тука.  

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg