Злобни колеги и исфрустрирани претпоставени - мојата сторија пред да си го најдам мирот во фирма во центарот на Скопје

Ме малтретираа психички. Седев и ефективно работев 8 часа, додека двете колешки миленички на менаџерката некогаш не се ни појавуваа на работните места, ми правеа сопки и напредуваа, а јас не. Еден ден пукнав комплетно, имав нервен слом и дадов отказ на 43 години! Најдов работа во прекрасна мала фирма во центарот на Скопје...

zlobni-kolegi-i-isfrustrirani-pretpostaveni-mojata-storija-pred-da-si-go-najdam-mirot-vo-firma-vo-centarot-na-skopje-01.jpg

Половина ден го поминуваме на работа, со луѓе кои не ги бираме по карактер и заеднички интереси. Затоа е важно со кого работиме и многу значи дали со нив имаме заемна добра соработка и почитување. 

За жал, не сите луѓе се чесни и искрени и многу луѓе поминуваат низ она што го поминав јас - одбивност кон работното место, иако во професијата сум комплетно пронајдена.

11 години поминав во фирма, каде буквално се дадов себеси, пружив сè што може еден работник да пружи професионално и човечки.

Како што претпоставувате, тоа не беше наградено, напротив бев емоционално и професионално малтретирана.

Малку се говори за мобингот и во интерес на семејството и приходите, сите молчиме и трпиме, не сфаќајќи дека психички пропаѓаме и што би рекле постарите - заработуваме „крвави пари“.

Последните 2 години во фирмата бев жртва на ненормално психичко малтретирање, двете колешки во канцеларија постојано имаа некаква работа, поради што менаџерката ми ја наметнуваше и нивната работа. Платата не ми се покачуваше, додека сите други напредуваа.

Седев и ефективно работев 8 часа, додека тие некогаш не се ни појавуваа на работните места. Се прашував каде грешам. Ниту сум неспособна, ниту сум глупава.

Ме озборуваа, ми се потсмеваа затоа што немав „грб“ да ме штити и ми ги менуваа извештаите кои ги работев, односно вметнуваа погрешни бројки, за да испаднам неспособна (отпосле сфатив дека ова им е во координација со менаџерката, која ми нареди да им ги праќам на ревизија сите извештаи кои ги работев).

zlobni-kolegi-i-isfrustrirani-pretpostaveni-mojata-storija-pred-da-si-go-najdam-mirot-vo-firma-vo-centarot-na-skopje-02.jpg

Но заглавена во кредити, ми преостануваше само да молчам и да трпам. За секоја грешка на колешките, некако успеваа мене да ми ја наметнат вината, за што бев носена кај директорот, кој без усул ми се дереше и ме навредуваше и не дозволуваше да објаснам дека немам никаква вина.

Змиско гнездо! Ме уништија комплетно. Ми ја уништија самодовербата и полека ме потиснуваа и се „гребеа“ за покачувања на мој грб и со мој труд.

Двете беа од оние типови кои се потпикнуваат на претпоставените, со низа комплименти за изгледот на менаџерката и ситни поклончиња за неа, со цел да бидат амнестирани од работа, додека јас бев единствениот работник кој им ги завршуваше сите обврски.

Еден ден пукнав комплетно, имав нервен слом и по консултација со сестра ми, решив да дадам отказ. И дадов! Најдоброто нешто што сум го направила во моите 43 години!

zlobni-kolegi-i-isfrustrirani-pretpostaveni-mojata-storija-pred-da-si-go-najdam-mirot-vo-firma-vo-centarot-na-skopje-03 (1).jpg

Мешани емоции, страв дека заради годините тешко ќе најдам друга работа, страв од промени после толку години поминати на едно место, но... успеав.

Најдов работа во прекрасна мала фирма во центарот на Скопје, каде бев примена најсрдечно, со многу почит и фамилијарност, и покрај тоа што првпат ги гледав луѓето.

Сега после неколку месеци поминати тука, можам да кажам дека ми се врати вербата во човечноста, во сочувството, ми се врати мојата самодоверба, работам со полна пареа и уживам во тоа, затоа што знам дека сум сакана и почитувана.

Од оваа перспектива гледано, се прашувам зошто бев толкав мазохист и трпев такво психичко насилство?

Уште во колку фирми луѓе како мене се мачат и трпат неправди?

Зошто мора да бидеме толку бесчувствителни и да заработуваме на грбот и маката на колегите?

П.С. Можеби звучи злобно, но дознав дека откако заминав јас, секторот се распаднал зашто не знаеле како да ја завршат работата.

Се надевам дека сега на менаџерката ѝ е јасно кој колку вредел, но доцна е. Јас се спасив!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg