Знаци дека (веднаш) мора да дадете отказ

„Без двоумење давам отказ ако некој надреден има проблеми со гневот или им се дере на вработените“.

koga-pomislata-za-otpushtanje-vi-izgleda-kako-uteha-znaci-deka-vednash-mora-da-dadete-otkaz-01.jpg

Ако бидеме искрени, денес е благослов (и чудо) да најдете работно место со пристојна плата и со пријатна работна атмосфера.

Но, тоа не значи дека треба да се помируваме со токсично работно место каде што не сме ценети или сме експлоатирани.

Последиците од вакво работно место, особено за менталното здравје, можат да бидат ужасни.

На Редит, неколку луѓе (инспирирани од нивно искуство) споделуваат кои се знаците дека време е да дадете отказ:

„Имам дадено отказ од само едно работно место. Одлучив да си заминам кога сфатив дека пристигнувам на работа многу рано, но доцнев бидејќи седев во автомобилот и не сакав да влезам внатре“.

„Време е да дадете отказ кога навечер не сакате да си легнете бидејќи знаете дека следното утро треба да станете за на работа“.

„Кога ќе ви ја задоцнат или воопшто нема да ви ја пуштат платата“.

koga-pomislata-za-otpushtanje-vi-izgleda-kako-uteha-znaci-deka-vednash-mora-da-dadete-otkaz-02.jpg

„Дадов отказ кога го отпуштија најлојалниот и најискусниот работник во нашиот оддел. Ми кажаа дека причината била неговата плата. Ако пробуваат да ги намалат трошоците на овој начин, време е да си одите. Оттука може да биде само полошо“.

„Кога не ви е гајле дали ќе бидете отпуштени или кога помислата за отпуштање ви е како утеха“.

„Кога ништо не се менува, нема прогрес кај вас, а оние со помалку искуство добиваат унапредување на подобри позиции. Токму поради ова попладнево дадов отказ“.

koga-pomislata-za-otpushtanje-vi-izgleda-kako-uteha-znaci-deka-vednash-mora-da-dadete-otkaz-04.jpg

„Кога ќе почнете да плачете додека одите кон дома“.

„Кога сè што мислите е колку сте фрустрирани, колку не сакате да бидете таму или колку ги мразите колегите“.

„Без двоумење давам отказ ако некој надреден има проблеми со гневот или им се дере на вработените“.

koga-pomislata-za-otpushtanje-vi-izgleda-kako-uteha-znaci-deka-vednash-mora-da-dadete-otkaz-05.jpg

„Кога ќе почнат да ви даваат нови обврски со нови титули, без да ви ја покачат платата“.

„Кoга шефот ќе ’заборави‘ за одморот што веќе сте го побарале и сака да работите. Особено ако сте разговарале за тоа уште пред неколку месеци“.

„Кога ниту еден вработен не е во фирмата подолго од една година, додека менаџерите се исти 20 години“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg