Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска

Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот или се обидуваат да вршат прекумерно влијание врз вашите одлуки, дефинитивно негативно влијаат на вашата врска.

6-postapki-koi-pokazhuvaat-deka-prijatelite-negativno-vi-vlijaat-na-vashata-ljubovna-vrska-01.jpg

Во една љубовна врска, многу често влијание може да имаат и надворешните фактори. Еден од тие фактори можат да бидат пријателите, кои треба да бидат извор на поддршка, но понекогаш ненамерно може да внесат непотребен товар во врската.

Дали имате чувство дека и вие се наоѓате во ваква ситуација?

Следниве 6 постапки покажуваат дека вашите блиски (не)намерно ја оптоваруваат вашата љубовна врска:

Делумни совети

И покрај нивните добри намери, пријателите може да ви дадат совети кои потекнуваат од нивните сопствени искуства или од нивното гледиште.

Но, тоа не може секогаш да се усогласи со вашата ситуација, имајќи предвид дека сите имаме различни карактери и различен стил на живот.

Така, од тоа ќе произлезат и многу недоразбирања или непотребни конфликти.

Случајни забелешки

Понекогаш, пријателите низ шега може да ви кажат некои работи кои навидум се безопасни, но потајно да ви „всадат“ сомнеж или незадоволство.

Па, вие ќе почнете повеќе да размислувате за некои работи и полека ќе си ја нарушите довербата и меѓусебното почитување.

6-postapki-koi-pokazhuvaat-deka-prijatelite-negativno-vi-vlijaat-na-vashata-ljubovna-vrska-02_copy.jpg

Споредување на социјалните мрежи

Социјалните медиуми честопати може да поттикнат нереални очекувања или чувство дека во вашата врска не е сè како што треба.

Овој феномен, наречен „социјална споредба“, може да поттикне незадоволство, создавајќи простор за конфликти во врската.

Судир на интереси

Во некои случаи, пријателите може да имаат задни намери или нерешени чувства кон едниот партнер, па така, може да се шират неточни гласини или да се наруши кредибилитетот на партнерите.

6-postapki-koi-pokazhuvaat-deka-prijatelite-negativno-vi-vlijaat-na-vashata-ljubovna-vrska-03_copy.jpg

Го поддржуваат негативното однесување

Ако партнерот има одреден порок, како прекумерно пиење алкохол, неверство и слично, а пријателите го одобруваат тоа, со тоа може да го охрабрат партерот да продолжи со штетните постапки, влошувајќи ги постоечките проблеми.

Не ги почитуваат границите

Поставувањето јасни граници помеѓу пријателите и љубовната врска е од суштинско значење за одржување на интимност и доверба.

Меѓутоа, пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот или се обидуваат да вршат прекумерно влијание врз вашите одлуки, дефинитивно негативно влијаат на вашата врска.

6-postapki-koi-pokazhuvaat-deka-prijatelite-negativno-vi-vlijaat-na-vashata-ljubovna-vrska-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg