10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите

Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тасос има бројни места што вреди да ги видите. Зошто овој грчки остров е совршена летна дестинација?

10-mesta-na-tasos-shto-vredi-da-gi-vidite-01.jpg

Островот Тасос е популарна дестинација за летување за Македонците, а навистина нуди по нешто за сечиј вкус.

Има прекрасни плажи, уникатни села, како и археолошки пронаоѓалишта покрај брегот.

10 места на Тасос што треба да ги видите:

Лагуната Giola

Giola е природен карпест базен сместен на јужниот дел од островот.

Карпите околу природниот базен достигнуваат и до осум метри, па се одлични за љубители на адреналин.

Единственото езеро на островот

Единственото езеро на Тасос се наоѓа во близина на селото Maries. Езерото е вештачко и пливањето во него е забрането, но е одлична локација за риболов и кампување.

Во близина има река со водопад покрај која можете да шетате низ густата вегетација.

Манастирот Архангел Михаил

Дури и ако не сакате да посетувате цркви и други верски храмови, вреди да го посетите манастирот Архангел Михаил (Holy Monastery of Archangel Michael).

Се наоѓа на околу 25 километри од Лименас, а изграден е во 18-тиот век.

Она што го прави посебен е фактот дека манастирот е изграден на работ на огромна карпа.

Древниот град Aliki

Aliki (или Alyki) е древен град во југоисточниот дел на Тасос и се наоѓа покрај море.

Овде можете да го видите и древниот рудник за мермер каде што под самата површина на водата се гледаат мермерни карпи.

Плажи Aliki

Ако го посетувате древниот град, не заборавајте да ги видите и околните плажи.

Во оваа област има два залива, а плажите се со камчиња и песок.

На едната плажа има одморалиште со многу таверни, додека другата е помирна и обично нема многу туристи.

Во близина на плажите е и археолошкото пронаоѓалиште.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg