7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон

Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобрите храна и вино од Португалија во Time Out Market.

7-prichini-zoshto-ushte-vednash-da-se-spakuvate-i-da-go-posetite-lisabon-01.jpg

Ако не можете да се одлучите за есенска дестинација, тогаш зошто да не го посетите Лисабон?

Седум причини зошто португалската престолнина е идеален избор за оваа есен:

Ќе го пробате популарниот десерт pasteis de nata

Можеби најпопуларното португалско јадење е десерт познат како pasteis de nata.

Десертот, кој е гордост на Португалците, е во форма на корпичка од лиснато тесто, полнa со крем.

Аромата на лимон и цимет, пак, го прави совршен есенски десерт.

Ќе прошетате низ дворецот Ажуда

Дворецот Ажуда (Palacio Nacional da Ajuda) во минатото бил кралска резиденција.

Изграден е во 19-тиот век, а денес е отворен како музеј.

Прошетката низ дворецот е како патување низ времето и ќе имате можност да ѕирнете во кралската историја на Португалија.

Ќе се извозите со трамвајот број 28

Една од најпопуларните атракции во Лисабон е трамвајот број 28 за кој времето како да застанало.

Возењето со жолтиот трамвај е посебно искуство со кое ќе го видите градот од перспектива на локалците и вистински ќе го доживеете неговиот ретро шарм.

Ќе го истражите комплексот LX Factory

LX Factory е историски индустриски комплекс во Лисабон каде што во минатото имало фабрики.

Денес, комплексот кој се протега на две улици, е исполнет со уникатни продавници, ресторани, кафетерии и барови.

Секоја недела има и пазарче каде што можете да купите рачно изработени предмети и винтиџ облека, а речиси постојано се организираат и настани.

Ако, пак, не сте расположени за ништо од ова, можете само да прошетате низ комплексот и да уживате во уличната уметност.

Ќе ја вкусите најубавата храна во Time Out Market Lisboa

Time Out Market е вид саем каде што ќе најдете бројни ресторани и каде ќе можете да ги вкусите најбуавите храна и вино од Португалија.

Ако сте љубител на храна, Time Out Market е место кое мора да го посетите.

Ќе го посетите музејот MAAT

MAAT, односно „Музејот на уметноста, архитектурата и технологијата“ е атракција што мора да ја видите, па макар и само однадвор, без да влегувате внатре.

Самата градба претставува архитектонско чудо, а внатре можете да уживате во експонати од областа на технологијата, науката и уметноста.

Ќе јадете во ресторан од 1782 година на плоштадот Praça do Comércio

Praça do Comércio се простира на површина од 30.6000 метри квадратни и е еден од најголемите плоштади во Португалија.

Едната страна на плоштадот гледа кон реката Тежо (или Тахо на шпански) и овде ќе го почувствувате вистинскиот дух на градот.

Опкружен е со симпатични жолти згради, а овде можете да го посетите најстариот ресторан во градот – Martinho da Arcada – која работи од далечната 1782 година.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg