Помалку познати европски дестинации кои треба да се најдат на вашата листа за патување

Веруваме дека го знаете, а можеби и сте го посетиле главниот град на Франција, но дали сте слушнале за бајковитото француско село Егишем? Кои други помалку познати европски дестинации треба да ги посетите?

pomalku-poznati-evropski-destinacii-koi-treba-da-se-najdat-na-vashata-lista-za-patuvanje-01.jpg

Дали се чувствувате презаситени од истите дестинации? Местата како Амстердам, Париз и Лондон се дефинитивно дестинации на кои сакаме да отидеме барем еднаш, но дали понекогаш сакате да откриете нешто ново?

Некои мали скриени места кои би ја разбудиле вашата љубопитност? Места што ќе ви обезбедат непроценливо и сосема различно искуство?

Ова се помалку познати места во Европа што допрва треба да ги откриете:

Ериче, Италија

Ако некогаш патувате во Сицилија, не заборавајте да ја посетите оваа историска населба лоцирана во провинцијата Трапани. Што е толку посебно за оваа населба?

Ериче се наоѓа на ридот со истото име, а може да се искачите со жичарница. Местото е вистинска средновековна знаменитост, што може да се види во неговата архитектура.

pomalku-poznati-mesta-vo-evropa-sto-doprva-treba-da-gi-otkriete-02.jpg

Варт, Австрија

Дали знаевте дека Варт се наоѓа во најстудената област во Австрија? Ако сте голем љубител на снег, ова мало село на австриските Алпи е дефинитивно место за вас. Тука годишно паѓаат 11 метри снег!

Што да правите таму? Се разбира, со толку многу снег, ова е совршено место за скијање и сноубординг.

pomalku-poznati-mesta-vo-evropa-sto-doprva-treba-da-gi-otkriete-03.jpg

Егишем, Франција

Ова мало село буквално изгледа како да е дел од бајка. Потсетува на германскиот град Ротенбург, но уште е помало.

Исто така, ова е една од најубавите француски населби. Во 2013 година, Егишем беше прогласено за омилено француско село.

Многу туристи доаѓаат во оваа област, а регионот е познат по одличното и квалитетното вино.

pomalku-poznati-mesta-vo-evropa-sto-doprva-treba-da-gi-otkriete-04.jpg

Баликотон, Ирска

Сместено е во округот Корк, 40 километри недалеку од градот Корк, во Ирска. Се работи за рибарско село кое лежи на карпите на заливот Баликотон, опкружено со песочни плажи кои се протегаат до 25 километри.

Моменталната населба е изградена според постарата населба која е целосно под вода. Поточно, карпите се формираат различно на секои неколку години, поради силната ерозија.

Покрај интересните карпи и типичното ирско зеленило, посебно внимание привлекува светилникот. Се разбира, не смееме да заборавиме на вкусниот домашен ирски путер што мора да го пробате.

pomalku-poznati-mesta-vo-evropa-sto-doprva-treba-da-gi-otkriete-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg