5 европски дестинации совршени за зимско патување

Во Абиско, Шведска, можете да ја видите најубавата поларна светлина, додека на божиќните базари во Германија најдобро ќе ја почувствувате празничната атмосфера.

5-evropski-destinacii-sovrsheni-za-zimsko-patuvanje-01.jpg

Зимата доаѓа во многу форми во Европа - кога на северот почнува да се забележува снег, на медитеранското приморје луѓето уште уживаат во Сонце.

Па, во зимските месеци, Европа може да понуди по нешто за сечиј вкуст.

Во продолжение, пет европски дестинации кои се совршени за зимско патување:

1. Рованиеми, Финска

Рованиеми е „официјалната“ резиденција на Дедо Мраз.

Снегот и елените додаваат празничен дух, додека музејот Арктикум нуди преглед на животот на овие простори.

top-5-zimski-destinacii-vo-evropa-02.jpg

2. Божиќни базари во Германија

Во зимските месеци се организираат волшебни божиќни базари низ Германија, но и другите земји од Централна Европа.

Очекувајте симпатични штандови кои продаваат сè, од колачи до греено вино и ѕвончиња со санки, но имајте на ум дека периодов голем дел од нив се затвораат на почетокот на јануари. 

top-5-zimski-destinacii-vo-evropa-03.jpg

3. Абиско, Шведска

Абиско е место наменето за љубителите на зимскиот студ.

Сонцето тука не изгрева неколку недели во декември и јануари, но оваа темнина го прави Абиско едно од најдобрите места во светот за да ја видите прекрасната поларна светлина.

top-5-zimski-destinacii-vo-evropa-04.jpg

4. Атина, Грција

Сите летни стресови - гужви, туристички цени, интензивна топлина, редици, загадување на воздухот - повеќе или помалку исчезнуваат за време на есента и зимата.

Најдобро време да го истражите античкото наследство и да се запознаете со локалната култура.

top-5-zimski-destinacii-vo-evropa-05.jpg

5. Копенхаген, Данска

Ако сакате бајковита европска зима, тешко кој град може да го надмине домот на Ханс Кристијан Андерсен.

Тука можете да ги посетите градските барови и да уживате во снежните денови.

Во срцето на градот се наоѓа и забавниот парк Тиволи од 19 век.

top-5-zimski-destinacii-vo-evropa-06.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејстват...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија) Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дес...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg