Викенд прошетка: Скребатно

vikend-prosetka-skrebatno-povekjeКога од Охрид се патува за Битола во селото Лескоец се забележува патоказ кој насочува кон  Скребатно и црквата Света Богородица. Скребатно е...

 

...едно од најуредените излетнички места во Македонија и сигурно најуредено место без приватен сопственик кој би имал профит од неговата посетеност.

Имено, за восхит е посветеноста на сите Скребаштани кои во минатото го напуштиле селото и се иселиле во Лескоец, Охрид па и подалеку, на нивното родно место, посебно на црковниот имот кои тие го викаат Манастир.

vikend-prosetka-skrebatno-2

Имотот е голем и опфаќа ливади, шума, река со мали водопади, чешма со вонредно студена вода, кујна  опремена со прибор за 5.000 гости, отворени шанкови, скари, маси за ручање на повеќе места во комплексот, уредени и чисти тоалети, приклучоци за струја низ целиот комплекс, спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, рибник и се разбира реновираната црква Света Богородица. Сето погоре набројано е на располагање на посетителите 24 часа без никаков надоместок.

vikend-prosetka-skrebatno-1

Токму затоа Скребатно е посетено од многу луѓе речиси секојдневно кога временските услови тоа го дозволуваат. Во Скребатно по повод повеќе празници се организираат забавни програми, концерти и сл. Оваа година се организираше и Ѓомлезијада со учесници од Охрид, Струга и Дебарца.

Многубројни странски и димашни гости и делегации се водат на ручек во Скребатно. Се што треба да понесете е вашата добра волја и храна. Ако заборавите сол, масло или кафе не грижете се е таму во кујната и шанковите тоа ви е на располагање како и целокупен кујнски прибор, скара со се дрва, и други ситници се разбира без надомест.

vikend-prosetka-skrebatno-3

Најголем настан во Скребатно е прославата на Света Богородица 28 август. Тоа е денот на заштитничката Света Богородица. Цела година Скребаштани се подготвуваат за тој ден, а го празнуваат цела недела. Обичај од памтивек е црквата да дели ручек.

Ручекот е манџа од овчо месо, сервирана во земјени чинии и дрвени лажици. Со неа се служи прекрасен селски леб печен во домашни фурни на дрва. За таа цел се колат 50-80  овци и јагниња, а манџата се готви истиот ден во големи бакарни котли. Тој ден се послужуваат околу 5.000  ручеци и тоа за само еден час. Доживување е да се види тоа.

vikend-prosetka-skrebatno-4

Уште многу има да се пишува за Скребатно и Скребаштани, но тоа не е ништо додека  не се доживее. Повелете, дојдете и уживајте!

И благодариме на Весна Шопоска за прекрасната статија.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секој петок ќе објавуваме по еден предлог за викенд посета.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg