Викенд идеја: Брана Злетовица

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-povekjeЗа оваа заспана убавица ретко кој има слушнато. До пред само една година и се восхитуваат само упорните планинари, а денес со изградбата на...


...браната Злетовица и модерен асфалтен пат, е отворена за сите добронамерни посетители.

Кнежево е распослано на пазувите на Осоговските планини во Злетовско-Кратовскиот регион. До браната Злетовица се стигнува со автомобил по модерно асфалтиран пат. Се поминува низ селото Злетово каде ќе бидете импресионирани од стара македонска архитектура, занаетчиски работилници во кои времето застанало.

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-4

Задолжително треба да пробате тазе топол леб испечен на букови дрва во фурна, злетовска пастрмајлија, чадено месо на леси. Штом ќе се упатите кон с. Кнежево ќе бидете фасцинирани од самата природа, чистиот воздух, тишината, флората и фауната. По патот морате да застанете и да ја видите Венечка река која е кристално чиста во импозантна прекрасна сина боја, како и неколкуте останати вајлавици.

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-6

Селото Кнежево е одамна раселено, но е одлична дестинација за оние кои сакаат планинарење, тишина, флора, фауна, адреналин и пешачење. Уживајте во езерските води на браната Злетовица посетете ги и селата Кајганци, Емирица, Гаврак кои се мали села расплани по планините со неколку осамени жители. Ова место е воздушен крстопат над вас прелетуваат авиони во сите правци оставајки траги по небото и глетка која воодушевува.

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-7

Овде нема ресторани, продавници, кафеани, затоа ручекот подговете го сами, некоја скара, пијалок изладен во потоците, или во Злетовска река е вистинско доживување и вкус кој ќе го паметите уште долго.

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-5

Малите кривулести планински патики ве водат низ бујна вегетација, камења богати со минерали во различни бои, бука од која извира вода, тишина... ќе имате чуство дека времето застанало.

viken-predlog-brana-zletovica-sknezevo-osogovski-planini-1

Задолжително останете до заоѓањето на сонцето за да видите една прекрасна глетка - планините со прекрасна црвена боја која пред вашите очи се движи и со последниот зрак исчезнува. На враќање посетете го рибникот пред селото Злетово во етно архитектура и секогаш свежа риба подготвена на традиционален начин.

Ќе си заминете од ова место со многу впечатоци кои ќе останат уште долго во вашите сеќавања!

Му благодариме на Александар Алексов за неговиот предлог.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg