Предлог:Винарија Попова Кула


Предлог:Винарија Попова Кула

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-povekjeВо овие топли денови, кога не ви се седи во градската жештина, вистинско време е да се прошетате. Нас патот не одведе кон Демир Капија, во посета на...


...винаријата Попова Кула. Подалеку од градскиот асфалт, ова место е вистински рај за љубителите на виното, природата и мирот. Сместена е западно од Демир Капија и лесно ќе ја пронајдете бидејќи патот до таму е означен.

Името го добива според некогашната значајна Попова Кула која некогаш служела како контролна точка на стариот Римски Пат кој поминувал каде што е лоцирана денешната винарија.

За жал кулата била уништена, но изгледот на градбата на винаријата веднаш се гледа од каде е инспириран.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-1

Освен што може да поминете еден викенд во хотелот (интересно е што собите се уредени според различни типови вино и се наречени според вината на Попова Кула. Црвените се уредени во црвени бордо тонови, белите во златникаво жолти тонови) овде имате можност и повеќе да се запознаете со околината.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-2

Ако сакате да добиете прошетка со водич, задолжително најавете се пред да тргнете од дома. Истото важи и ако сакате да ручате/вечерате во прекрасниот ресторан каде може да ги дегустирате вината во комбинација со разни видови сирење или да пробате од вкусните специјалитети и десерти.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-6

Персоналот е премногу љубезен и слободно прашајте за сè што ве интересира за вината – како се прави, од кое грозје, со што се комбинира најдобро, отворено ќе ве советуваат.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-3

Додека ручате во ресторанчето, постојано ќе го чувствувате пиркањето на ветерот кое ја прави посетата уште попријатна особено во топлите денови.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-4

По ручекот задолжително разгледајте ја винаријата. Водичот ќе ви раскаже подетално како се произведува грозјето, кое вино како се чува, како се прави...

Постојат и можности за прошетка и тоа:

Прошетка до руините на Просек. Просек е всушност денешна Демир Капија. Името Демир Капија го даваат Турците кога го освојуваат во 1385, во превод значи „Железна Порта“. Средновековното име Просек е словенско и е само превод на античкото име на градот кој некогаш постоел тука-Стенае, што значи всечен во карпите. Денес ова место се забележува кога патувате по вардарската магистрала, крај Демир Капија односно на ридовите кои ја оформуваат Демиркаписката клисура долга 10 километри.

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-5

Прошетка до најстарото село во општина Демир Капија с.Клисура и посета на црквата СВ.Никола како и доколку има заинтересираност во истата област набљудување на ретки птици.

Прошетка по течението на реката Дошница.

Прошетка до Рибникот Дошница.

Прошетка до ноевата фарма.

Ако сакате да дознаете повеќе за винаријата и околината, посетете ја веб страната: http://www.popovakula.com.mk/

vikend-predlog-vinarijata-popova-kula-7

Ако веќе сте ја посетиле винаријата, споделете го вашето искуство и вашето омилено вино. Ако не, време е да направите една убава прошетка која ќе ви остане запаметена.

Нашето омилено вино од оваа винарија е Мускат Отонел.

Би можело да ве интересира:

Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку од градската врева Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарув...
10 евтини и забавни активности кои може да ги правите сами за време на викендите Викендите се исклучиво резервирани за полнење на батериите, па ако обожавате тоа...
И овој викенд да испробаме нешто ново Eве, ни се ближи лето, период во кој сите очекуваме да се случи нешто поразлично...

Најчитани неделава