Совети за новите мајки: Што може да очекувате во првите денови откако ќе го донесете бебето дома?

Процес на доење и дохрана

Искуствата на оваа тема се безбројни. Сите ќе се сложиме дека доењето е благороден процес, но и макотрпна работа. Потребно е доилката да биде смирена и да јаде здрави редовни оброци.

Многу течности, особено вода и чај од јаболко. Строго е забрането цигари и алкохол.

Доколку немате доволно лактација, се препорачува советување со експерти и пиење на чај / таблети за лактација кои може да се купат во сите аптеки. 

Во спротивно вашиот педијатар ќе ви препорача дохранување со адаптирана формула. Не плашете се, тоа не е ништо страшно и лошо.

Сѐ што е важно на крајот од денот е да имате сито дете и спокоен сон.

dobredojde-doma-bebence-03.jpg

Ноќна рутина и капење

Ноќните часови во првите 40 дена се долги и макотрпни за родителите.

Во овој период бебето сѐ уште не разликува ден од ноќ, па затоа е од суштинско значење да воспоставите рутина на функционирање како на пример редовно капење на вашето бебе околу 19 часот.

Бидете внимателни со температурата на водата, а за да бидете посигурни, набавете си термометар за таа намена.

Не го прегревајте просторот каде што го пресоблекувате бебето, со цел да не биде нервозно.

Користете средства за хигиена за бебиња без парабени и мириси.

Веднаш по капењето, нахранете го и подгответе го за спиење. 

soveti-za-novite-majki-shto-mozhe-da-ochekuvate-vo-prvite-denovi-otkako-kje-go-donesete-bebeto-doma-03.jpg

Посета од страна на блиските

Иако сите се нетрпеливи да го запознаат новиот член на семејството, сепак гостите не се баш најпожелни во првите 40 дена од раѓањето на бебето.

Тоа е еден период во кој мајката треба да се стабилизира физички и психички, а бебето да се адаптира на новиот живот.

Бројни се вирусите и бактерииите кои лесно го напаѓаат организмот на бебето.

Следствено, избегнувајте средби и блиски контакти со луѓе и фокусирајте се на прошетки во природа доколку решите да смените средина, а да не биде вашиот дом. 

soveti-za-novite-majki-shto-mozhe-da-ochekuvate-vo-prvite-denovi-otkako-kje-go-donesete-bebeto-doma-10.jpg

Прв педијатриски преглед

Овој преглед е закажан во периодот кога вашето дете ќе направи 10 дена од раѓањето.

Рутински преглед кој опфаќа мерење на телесна тежина на бебето, должина, обем на глава, проверка на папокот и процесот на доење.

Ќе добиете совети на што да обрнете поголемо внимание и дали на вашето бебе му е доволно мајчиното млеко или треба да вклучите дополнителна исхрана со адаптирано млеко.

Воедно, ќе добиете препораки за витамини за вашето новороденче, капки за грчеви и слични препарати кои ќе го олеснат процесот на прилагодување на бебето.

dobredojde-doma-bebence-02.jpg

Дополнителни совети

1. Доколку во текот на бременоста сте користеле суплементи за одржување на вашето здравје, продолжете да ги конзумирате во првите месеци (секако со претходна консултација од гинеколог). Од особена важност е да водите здрав живот како би можеле да се грижите за своето новороденче. 

2. По изминати 4-6 недели од вашето породување задолжително закажете контролен преглед кај вашиот гинеколог. 

Сосема е нормално овој период да биде турбулентен, пропратен со многу промени во расположение, наплив на емоции и хормонален дисбаланс.

Сепак не треба да се заборави дека мајчинството е најлесната, но истовремено и најтешката задача за една жена. Затоа во ниеден момент не заборавајте дека оваа улога бара многу жртва и трпение.

Предизвикот е огромен, а авантурата е непроценлива.

 М. У. Т. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg