Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“

„Постојано тапкам или чукам по сè! Го правев тоа цел живот, а во училиште ме караа затоа што ја прекинувам наставата“.

„Мислев дека сите престануваат да слушаат штом нешто им стане здодевно“.

koi-moi-naviki-mislev-deka-se-normalni-a-vsushnost-bile-simptomi-na-adhd-05.jpg

„Постојано и ненамерно прекинувам луѓе додека зборуваат“.

„Постојано имам песна или мелодија во глава. Понекогаш само еден дел се повторува бесконечно“.

„Ги завршувам речениците на луѓето. Мислев дека ова се случува само со блиски луѓе, но јас го правам со сите“.

„Како дете, добивав анксиозност и силни емоции во гласни и хаотични средини, а сите ме нарекуваа ‘премногу осетлива’“.

 „Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе чувствуваат физичка болка и огромна тага од секоја критика“.

„Мислев дека сите имаат непрекинат проток на мисли во глава цел ден. Кога првпат зедов лек за АДХД и ми се стивнаа мислите, бев шокирана. Ја повикав мајка ми и ѝ кажав дека за првпат во животот слушам тишина“.

koi-moi-naviki-mislev-deka-se-normalni-a-vsushnost-bile-simptomi-na-adhd-03.jpg

„Секогаш сум чувствувал емоции поинтензивно од другите. Ако некој беше лут, јас бев бесен. Ако нешто беше тажно за некого, јас плачев“.

„'Нехиперактивниот тип' на АДХД изгледа сосема поинаку, особено кај жените. Најголем пример: кога имав премногу задачи, се ‘замрзнував’ и не можев да направам ништо“.

„Во секоја соба имам часовник, дури и во бањата, и секогаш носам рачен часовник за да не го загубам чувството за време“.

„Имам детска енергија како возрасен. Мислев дека сите други само се уморни, додека не сфатив дека сум премногу енергичен и исцрпувам луѓе околу себе“.

Прочитајте и Чести симптоми на АДХД – Како да познаете дали вашето дете го има нарушувањето?

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон су...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg