8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни

Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И, доста често жените не се свесни дека имаат инфаркт бидејќи ги очекуваат „машките“ симптоми.

8-simptomi-na-infarkt-za-koi-zhenite-treba-da-bidat-svesni-01.jpg

Проблемите со кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи го и инфарктот, се водечка причина за смрт и кај мажите, и кај жените.

А, кога се во прашање жените, симптомите на инфаркт што ги чувствуваат, можат да се разликуваат.

„Симптомите кај жените не се доволно проучени. Пациентките со кардиоваскуларни проблеми бараат поспецифичен пристап и разбирање на симптомите.

Покрај репродуктивниот систем, кардиоваскуларниот систем има најмногу разлики меѓу двата пола.

Ние, жените, имаме помали крвни садови во срцето и сме конструирани поразлично“, вели д-р Џејн Морган, кардиолог во болница во Атланта, САД.

Таа додава дека за време на инфаркт, симптомите што ги чувствуваат жените може да бидат поблаги и поради ова тие да не побараат помош.

„Женските симптоми можат да бидат помалку драматични од силната болка во градите што ги тера мажите да отидат во болница.

И, може да се манифестираат на неспецифичен начин“, додава докторката.

8-simptomi-na-infarkt-za-koi-zhenite-treba-da-bidat-svesni-4.JPG

Затоа, таа споделува кои се симптомите на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни:

Чудно чувство во раката

Болката во раката е симптом кој често му се припишува на инфарктот.

Но, кај жените може да биде и само невообичаено чувство во раката, како трнење или блага болка, како по вежбање во теретана.

Болка во вилицата

Кај некои жени, уште неколку месеци пред инфарктот може да се јави болка во вилицата, која ќе се засили за време на срцевиот удар.

Па, ако имате силна болка во вилицата, а причината не е расипан заб или нешто друго, проверете го срцето.

8-simptomi-na-infarkt-za-koi-zhenite-treba-da-bidat-svesni-6.JPG

Гадење и повраќање

Студија од 2018 година покажала дека жените доста често чувствуваат гадење и повраќање ако доживеат инфаркт пред 55-тата година.

Отежнато дишење

Отежнатото дишење може да биде еден од првите симптоми дека има некаков проблем со срцето.

Ако срцето е оштетено или се случува инфаркт поради блокирани артерии, во телото нема доволно кислород, па се отежнува дишењето.

8-simptomi-na-infarkt-za-koi-zhenite-treba-da-bidat-svesni-05.JPG

Екстремен замор

Заморот е симптом што го чувствуваат повеќето жени за време на ПМС и менструација.

Токму затоа, голем дел го игнорираат кога е поврзан со инфаркт.

Ако нагло почувствувате екстремен замор, тогаш обрнете внимание на други симптоми и побарајте лекарска помош.

Болка во горниот дел од грбот

Некои жени чувствуваат силна болка во горниот дел од грбот, особено меѓу плешките.

Оваа болка може да биде посилна од стегањето во областа на градите.

8-simptomi-na-infarkt-za-koi-zhenite-treba-da-bidat-svesni-02.JPG

Чудно чувство во градите

Голем дел од пациентките кои имале инфаркт не го опишуваат овој симптом како болка, туку повеќе како стегање или притисок во градите.

Симптоми како на грип

Доста често жените кои имаат инфаркт мислат дека чувствата на замор и болките во телото се поради болест како грип.

Но, ако симптомите што ги чувствувате се посилни од која било настинка или грип, никако не ги игнорирајте и одете на лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg