Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман?

Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за вашето дете и не треба да им обрнувате премногу внимание. Но, некогаш се и знак за некакво нарушување, како Туретов синдром.

tikovi-kaj-decata-kako-da-gi-prepoznaete-dali-se-shtetni-i-dali-ima-potreba-od-tretman-01.jpg

Тиковите се ненадејни и повторливи движења и/или звуци кои личноста ги прави неволно.

Тиковите најчесто се присутни кај децата на училишна возраст, најчесто почнувајќи во основно училиште.

А, дали се опасни и проблематични, погледнете во продолжение:

Како да ги препознаете тиковите?

Моторните тикови се движења кои можат да влијаат на кој било дел од телото, но особено се присутни на лицето, очите, главата и рамената. Секое движење кое е направено без јасна причина или цел може да биде тик.

Вокални тикови, кои испуштаат звук, може да вклучуваат многу работи, од чистење на грлото, шмркање со носот, чкрипење со забите, па дури и цели фрази.

Тиковите може да се појавуваат и да исчезнуваат, а со текот на времето и да се менуваат, односно, кога ќе престане еден тик, може да започне друг.

Тие најчесто се зголемуваат за време на силни чувства, како стрес, нервоза, возбуда или замор.

tikovi-kaj-decata-kako-da-gi-prepoznaete-dali-se-shtetni-i-dali-ima-potreba-od-tretman-02.jpg

Што ги предизвикува тиковите и како се дијагностицираат

Основната причина за појавата на тиковите не е целосно позната. Постојат сложени генетски и невробиолошки фактори, а почеста е појавата ако некој друг член од семејството има тикови.

Важно е да се запамети дека тие не се штетни.

Тиковите се дијагностицирани од страна на педијатар или невролог, а за тоа не се потребни тестови.

Некои деца со тикови доживуваат дополнителни проблеми, како што е тешкотии со концентрација, нервоза, импулсивност и анксиозност.

tikovi-kaj-decata-kako-da-gi-prepoznaete-dali-se-shtetni-i-dali-ima-potreba-od-tretman-03.jpg

Справување со тиковите

Кога ќе забележите дека детето има тикови, добро е да не зборувате гласно околу тоа и активно да ги игнорирате. Барањето од детето да престане да го прави тоа или да го казнувате, може да ја влоши состојбата.

Неколку совети може да ви бидат од корист ако детето се соочува со тикови:

  • Направете соодветна рутина за спиење и спречете прекумерен замор
  • Намалете ги стресните активности
  • Кога ќе забележите тикови, пренасочете го вниманието на детето на друга страна
  • Помогнете му на детето да изгради поголема самодоверба, така што ќе ги истакнувате неговите силни страни
  • Покажете разбирање и имајте трпение

Повеќето тикови не се пречка во секојдневниот живот и затоа не бараат некој специфичен третман.

Онаму каде што тиковите го нарушуваат секојдневието, потребен е задолжителен разговор со стручно лице кое можеби ќе предложи психолошки третмани.

Во ретки случаи, тиковите се предизвикани од таканаречениот Туретов синдром.

tikovi-kaj-decata-kako-da-gi-prepoznaete-dali-se-shtetni-i-dali-ima-potreba-od-tretman-04.jpg

Па, ако детето има проблеми со отежнато концентрирање, нервоза, импулсивност или анксиозност, разговарајте со вашиот лекар, зашто овие однесувања треба да се проценат и да се третираат.

Ова е важен аспект во управувањето со целокупното здравје и благосостојба на вашето дете и може да биде корисно за намалување на тиковите.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg