Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете

Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаштитен однос со нов партнер – постојат работи кои не е препорачливо да ги скриете од вашиот лекар.

shest-raboti-za-koi-vashiot-lekar-saka-da-prestanete-da-go-lazhete-01.jpg

Ако сте како повеќето, сигурно сте скриле нешто од вашиот лекар или сте кажале некоја мала лага за вас и вашите навики.

Иако е разбирливо зошто сте го направиле ова, не треба да заборавите дека кога лекарот ги нема сите потребни информации, лесно може да ви даде погрешна дијагноза, но и терапија.

Шест работи за кои никогаш не треба да го лажете вашиот лекар:

Дали ја пиете терапијата

Кога лекар ќе ви препише терапија и не ја пиете, нормално дека нема да се чувствувате подобро.

Па, следниот пат кога ќе отидете на преглед и ќе се пожалите, а нема да откриете дека не ја примате терапијата редовно, вашиот лекар може да направи погрешна дијагноза, па и да ви препише посилна терапија која може и да ви штети.

Без разлика зошто сте прекинале со терапијата, важно е вашиот лекар да знае.

Дали ви годи терапијата

Ако имате несакани ефекти од терапијата што ви ја препишал лекарот, важно е да му кажете.

Исто така, ако поради некоја причина не сакате да примате некоја терапија, исто така треба да му кажете на вашиот лекар.

Не треба да криете и ако не сакате да правите некоја процедура или ако сте исплашени – кога ќе бидете искрени, вашиот лекар полесно ќе најде третман што вам ви одговара.

shest-raboti-za-koi-vashiot-lekar-saka-da-prestanete-da-go-lazhete03.jpg

Дали вежбате и се храните здраво

Повеќето луѓе настојуваат да лажат кога ќе ги прашаат за физичката активност ти начинот на исхрана. На лекарите им е јасно дека го прават ова од срам или страв дека ќе бидат осудувани.

Но, бидејќи станува збор за вашето здравје, ова е уште еден детаљ што не треба да го криете.

Доста често здравствените проблеми се предизвикани од недоволна активност или нездрава храна. На пример, високиот холестерол и дијабетесот можат да бидат предизвикани од ова.

Што значи, решението може да биде промена во животните навики, без примање непотребни терапии.

Дали користите дрога, пиете алкохол и пушите цигари

И во овој случај луѓето настојуваат да лажат од срам или страв од осуда.

Ова се навики кои можат да имаат влијание врз вашата здравствена состојба, особено ако често пиете, пушите или користите некаква дрога.

На пример, можеби имате проблеми со црн дроб поради прекумерно пиење. Ако го излажете лекарот дека не пиете, тој нема да знае кој е коренот на проблемот.

shest-raboti-za-koi-vashiot-lekar-saka-da-prestanete-da-go-lazhete-02.jpg

Дали имате проблеми со одење во тоалет

И, уште една тема на разговор која е непријатна за многу луѓе.

Но, ако имате проблеми со уринирање или празнење на цревата, мора да му кажете на вашиот лекар бидејќи ова може да биде симптом за некаков проблем.

Истото важи и ако забележувате чешање, црвенило или какви било промени во областа на гениталиите.

Вашето сексуално здравје

Болка за време на однос, проблеми со ерекција, промени во исцедокот – сето ова се проблеми што треба да ги споделите со вашиот лекар.

Исто така, бидете и искрени кога ќе ве праша за вашето сексуално здравје. Ако, на пример, сте имале незаштитен однос со нов партнер, немојте да криете, особено ако забележувате некакви симптоми.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg