6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар

Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем со алкохол, па и наркотици…

6-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-go-lazhete-vashiot-lekar-01.jpg

Разбирливо е зошто можеби ви е непријатно да споделите некои работи со вашиот лекар.

Но, кога не одговарате искрено на неговите прашања, тој нема да може да ви даде точна дијагноза, а може и да ви препише терапија која е несоодветна, па дури и опасна за вас.

За што никогаш не треба да го лажете вашиот лекар?

За тоа дали ги пиете лековите

Многу често пациентите прекинуваат со препишаната терапија без да се консултираат со лекар, а потоа и лажат дека уште ги пијат лековите.

Со ова не се штитите од лекарот, туку само си штетите.

Ако лекарот мисли дека ја примате терапијата, а забележува дека уште имате симптоми, тогаш може да ви даде посилна доза или да ви препорача третман кој не само што не ви е потребен, туку можеби е и опасен за вас.

Затоа ова е детаљ што никогаш не треба да го скриете од вашиот лекар.

За тоа дали терапијата ви е соодветна

Ако забележувате несакани ефекти од некој третман или лек, мора да му кажете на вашиот лекар.

Дури и да немате несакани ефекти, ако не ви се допаѓа некоја терапија, кажете му на лекарот, наместо да престанете да ја примате на своја рака.

И, тој ќе се обиде да најде соодветна замена за вас.

6-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-go-lazhete-vashiot-lekar02.jpg

Детали за начинот на исхрана и физичката активност

Кога лекарот ќе ве праша дали сте активни и како се храните, немојте да лажете.

Ако кажете дека сте активни и дека се храните здраво, а тој забележува некои проблеми со здравјето, можно е да ви даде непотребна терапија.

Секогаш бидете искрени со ваквите информации бидејќи се клучни за соодветна дијагноза.

Користење алкохол, цигари, други лекови и наркотици

Неретко луѓето ги кријат своите пороци од лекарот, најчесто од срам.

Но, лекарот мора да знае дали сте пушач, дали имате проблем со алкохолизам или, пак, можеби сте зависни од некоја супстанца.

Сите овие работи имаат влијание врз вашето здравје и ако лекарот не е свесен за нив, нема да може да ви даде точна дијагноза, а потоа и терапија.

Притоа, лекарот може да утврди дали имате проблем со некаква зависност, дури и кога вие самите не го гледате. Па, ќе ви помогне.

6-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-go-lazhete-vashiot-lekar03.jpg

„Срамни“ работи, како одење во тоалет

На никој не му е пријатно да зборува за одење во тоалет, но и ова е показател за нашето здравје.

Лекарот мора да знае дали одите редовно во тоалет или можеби имате некакви проблеми. Тој нема да ви суди што и да кажете бидејќи е овде да ви помогне.

Вашето сексуално здравје

И ова е тема што не би ја дискутирале со секого, но е важно докторот да знае.

Ако, на пример, имате незаштитени односи, лекарот треба да знае за тоа бидејќи во овој случај посто можност да имате некоја сексуално пренослива болест.

Или, ако сте жена, може да сте бремени без да знаете.

Не треба да се срамите да разговарате за сексуалното здравје со вашиот лекар – напротив, треба да се обратите токму кај него кога нешто не ви е јасно или сте загрижени.

Прочитајте и: „Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg