Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно

„Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував на нозе, мислев дека е од тоа. Кога почнав да го губам видот на левото око, отидов на лекар и ми кажаа дека има мултипла склероза“.

lugje-spodeluvaat-simptomi-shto-gi-ignorirale-a-bile-znak-za-neshto-seriozno-01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно ги игнорирате малите симптоми како болка на некој дел од телото, екстремен замор, па и промени во менструалниот циклус.

Во повеќето случаи, ваквите симптоми навистина не се знак за нешто сериозно, особено ако поминат речиси веднаш.

Но, кога траат подолго или се повторливи, секогаш е подобро да се консултирате со лекар.

На форумот на BuzzFeed, неколку луѓе споделиле кои се симптомите што самите ги игнорирале, за по некое време да се покажат како знак за нешто сериозно.

Дел од нивните одговори во продолжение:

„Во средно, имав сериозни проблеми со концентрацијата на одредени часови, иако претходно бев многу внимателен ученик. Ова се случуваше цел месец, а некогаш имав и мали грчеви.

Тогаш вежбав во теретана, па мислев дека сум само изморен. Но, грешев.

Отидов на матурска прослава и следното утро, додека разговарав со мојата девојка, имав сериозен епилептичен напад.

Потоа имав уште неколку, но за среќа ми се немаат повторено веќе 40 години“.

lugje-spodeluvaat-simptomi-shto-gi-ignorirale-a-bile-znak-za-neshto-seriozno-02.JPG 

„Почнав да чувствувам замор во нозете и стапалата, а по неколку недели стапалата ми отрпнаа. Мислев дека е поради мојата возраст и фактот што голем дел од денот поминувам на нозе.

Неколку месеци подоцна, почнав да го губам видот во левото око. Веднаш отидов на лекар, ми направија магнетна резонанца и ми дијагностицираа мултипла склероза.

Ми рекоа дека е агресивна форма и дека ќе ми го промени животот. Осум месеци подоцна, имав десет лезии на мозокот“.

„Замор! Постојано бев уморна и не знаев зошто – отидов на прегледи, крвни слики, разговори со специјалисти и конечно бев дијагностицирана со автоимун хепатит на црниот дроб.

Ако почекав уште малку, мислам дека ќе имав трајно оштетување на црниот дроб кое резултира или со трансплантација, или со смрт. Не го игнорирајте хроничниот замор!“

 lugje-spodeluvaat-simptomi-shto-gi-ignorirale-a-bile-znak-za-neshto-seriozno-03.JPG

„Ми се појави некаква раничка на јазикот. Беше мала, со занемарлива болка, но по некое време не можев да ја игнорирам.

Сепак решив да отидам на лекар и излезе дека е рак. Ако чекав подолго или игнорирав, ќе го изгубев целиот јазик, а можеби животот“.

lugje-spodeluvaat-simptomi-shto-gi-ignorirale-a-bile-znak-za-neshto-seriozno-04.JPG 

„Упорно игнорирав болка на едната страната од стомакот. Почна да се влошува до тој степен, што морав да се држам за стомак за да се наведнам.

Но, тој период не бев многу активен па ја игнорирав. Ова се случуваше цела година и дури откако имав силна треска отидов на лекар.

Излезе дека сум имал воспалено слепо црево. Имав среќа што имаше време да ме спасат и поминав неколку денови на интензивна нега“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg