„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“
„Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу мускули и рамен стомак. Трчав маратон и се чувствувам одлично. Кои се моите тајни?“

Емили Лејдинг (49) од Велика Британија пред неколку години се чувствувала мизерно околу својот изглед и телесна форма, но денес е горда на постигнатото.

Таа во својата емотивна исповед отворено говори за нејзината трансформација:
„Во 2022 бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки. Сакав да јадам грицки, хамбургери и помфрит, но постојано посакував да изгледам подобро.
Клучниот момент беше кога мајката на сопругата на мојот најдобар пријател имаше операција, помина две седмици во болница и не закрепна. Таа почина, и тоа ме исплаши.
Кога одев на систематски прегледи, имав 74 килограми и бев во категоријата „дебела“ за мојата висина.
Ако продолжев така, до 55-тата година ќе имав 85 килограми.
Имав 46 години, но одбив тоа да биде мојата иднина.

Во исто време ја прочитав книга од бразилскиот супер-модел Жизел Бундшен, која ме инспирираше да сфатам дека бев „патник во својот живот, а не возач“.
Случајно, истиот ден дознав за една фитнес-програма со личен тренер. Сопругот имаше избор со раководењето на домашниот буџет, дали тоа ќе биде нов телевизор или мојата промена и го избра вистинскиот.
Мојот тренер беше неверојатен – ми покажуваше правилна техника на вежбање, ме мотивираше и внимаваше да сум одговорна.
Трите месеци беа интензивни, но научив дека границите кои ги поставуваме во умот не се граници на телото.
Сега имам 49 години, 61 килограм, многу мускули и рамен стомак. Трчав маратон и се чувствувам одлично“.

Моите 6 основни правила:
1. 10.000 чекори дневно – пешачење низ целиот ден.
2. Сила и вежби со тегови – пет-шест пати неделно.
3. 10 минути истегнување дневно – за мускулите и зглобовите.
4. Сон 7–8 часа – строга рутина и користење на маска за очи и слушалки кога условите за сон не се совршени.
5. Еден ден одмор неделно – за комплетна релаксација.
6. Намалување на времето пред екран – користење апликации за контрола на телефонот.
„Инаку, исхраната ми е фокусирана на протеини, со вклучени мали задоволства, но балансирано. Клучот е дисциплина, мали избори и редовно движење. Обидете се и вие!“.

С. С. | Црнобело
