Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер

Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја користите спалната соба како канцеларија.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-01.jpg

Доколку ви е тешко да заспиете навечер, без разлика колку сте уморни, можеби треба да промените некои навики.

Ако ова ви претставува сериозен проблем кој никако не можете да го решите, тогаш препорачливо е да се консултирате со експерт.

Во меѓувреме, погледнете и кои се лошите навики што ве држат будни навечер:

Останувате будни до доцна

Кога цел ден сте зафатени, нормално е навечер да сакате да го жртвувате сонот за да имате малку повеќе време за себе.

Многумина го одолговлекуваат легнувањето за да ги завршат обврските низ дома, да го испланираат следниот ден или само да изгледаат филм или серија.

Проблемот е тоа што ако го правите ова често, вашиот мозок е многу активен, па ќе ви биде тешко да заспиете, без разлика што сте изморени.

Во ред е некогаш да останете будни и до подоцна, но потрудете се секоја вечер да си легнувате во исто време и да спиете барем 6-7 часа.

Пиете алкохол пред спиење

Можеби ви изгледа како чашата вино навечер да ви помага да заспиете.

Но, алкохолот може и да ве држи будни.

А, дури и да заспиете, штом сте пиеле алкохол, поверојатно е да се будите во текот на ноќта и главно да ви се намали квалитетот на сонот.

Најдобро е да не пиете алкохол барем два-три часа пред спиење.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-02.jpg

Минувате време пред екран

Факт е дека скоро сите сме навикнати да „висиме“ на телефон или пред телевизор пред да си легнеме.

Но, синото светло што го емитуваат екраните може да го наруши квалитетот на сонот.

Ако, пак, пуштите серија, секогаш постои можност да не можете да престанете да гледате, па да изгубите и неколку часови од времето за спиење.

Затоа, пред спиење, најдобро е да се посветите на активност која не вклучува екрани, а ве релаксира, како читање или медитација.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-03.jpg

Читате негативни вести

Ако сепак не можете да се одделите од телефонот навечер, тогаш обрнете внимание на содржината што ја гледате.

Ако пред спиење се изначитате негативни вест за проблемите во светот, секако дека ќе ви биде потешко да заспиете.

Вежбате навечер

Најдобро да избегнувате интензивни тренинзи барем два часа пред спиење.

Многу луѓе вежбаат доцна навечер бидејќи мислат дека тоа ќе ги измори и полесно ќе заспијат.

Но, по вежбање може да чувствувате болка во мускулите, но и да имате повеќе енергија што, пак, ќе ви го отежне заспивањето.

Ако сакате да вежбате навечер, тогаш држете се до полесни вежби, како јога и пилатес, а не кардиовежби или кревање тегови.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-04.jpg

Немате рутина за релаксација

Пробајте да вметнете време за релаксација барем половина час пред спиење.

Направете си чај, прочитајте некоја страница од омилената книга, медитирајте. Генерално, одвојте време за вистински да се релаксирате и ќе заспиете многу полесно

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-05.jpg

Јадете храна со многу шеќери

Кога јадете храна со многу шеќери, се зголемува и нивото на шеќер во крвта. Ова, пак, ви дава наплив на енергија и нормално дека ќе ви биде тешко да заспиете.

Ако ви се јаде пред спиење, држете се до храна со ниско ниво на шеќер, како овес или зеленчук.

Спиете во многу топла соба

Во студените месеци, сите сакаме да си легнеме во топла соба.

Но, ако температурата е многу висока, ќе ви биде тешко да заспиете или ќе се будите во текот на ноќта.

Идеално е температурата во спалната да не биде повисока од 19 степени Целзиусови, а ако ви е студено, подобро покријте се со подебел прекривач.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-06.jpg

Ја користите спалната како канцеларија

Ако навечер имате нешто да доработите, избегнувајте да ја користите спалната соба за тоа.

Кога работите во спалната соба, потсвесно ќе почнете да ја поврзувате со тоа. Па, кога ќе дојде време за спиење, може да ви биде тешко да заспиете.

10-bezopasni-nokjni-naviki-shto-ve-drzhat-budni-navecher-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg