Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди?

Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и ако нема друго решение, тогаш легнете во друга соба штом ’рчењето ќе ве разбуди и не можете да заспиете.

shto-da-pravite-ako-vashiot-partner-navecher-rchi-i-ve-budi-01.jpg

Рчењето во сонот е честа појава, но обично не страда личноста која ’рчи, туку оној кој спие со неа.

Ако имате партнер кој ’рчи, веројатно сте поминале многу ноќи без сон, а ова не се одразува само на нивото на енергија, туку и на вашето здравје.

Па, што да направите ако вашиот партнер ’рчи навечер и ве буди?

Одвлечете си го вниманието

Точно е дека ова е полесно да се каже, но пробајте да си го одвлечете вниманието наместо да се фокусирате само на ’рчењето на партнерот и да се фрустрирате.

Пробајте ад медитирате, пуштете си некој поткаст, направете вежби за дишење… Со текот на времето, ова може да ви помогне барем повторно да заспиете.

Купете си тампони за уши

Тампоните за уши се наоѓаат во скоро секоја аптека, а може да ви помогнат да го придушете звукот од ’рчењето на партнерот.

shto-da-pravite-ako-vashiot-partner-navecher-rchi-i-ve-budi-05.JPG

Слушајте „бела врева“

Таканаречената „бела врева“ е звук кој некои луѓе ги релаксира и им помага да заспијат.

Можете на Јутјуб да пребарате видеа со white noise и да проверите дали овој тип на звук ќе ви помогне да заспиете.

Променете ја положбата на партнерот

Многу луѓе ’рчат поради положбата во којашто спијат, обично ако се легнати на грб. Па, ако ’рчењето на партнерот ве разбуди, можете да го свртите на страна.

Ако не можете да го помрднете, во ред е и тивко да му речете да се сврти. Ова не би требало да го разбуди, но сепак ќе ве послуша.

shto-da-pravite-ako-vashiot-partner-navecher-rchi-i-ve-budi-02.JPG

Охрабрете го партнерот да оди на лекар

Ако ’рчењето се случува секоја ноќ или се влошува, тогаш причината може да е здравствен проблем.

Па, разговарајте со партнерот и охрабрете го да оди на лекар.

Спијте во различни соби

Ако нема никакво друго решение, тогаш е сосема во ред да спиете во различни соби со партнерот.

Ова не мора да биде секоја вечер, туку само кога ’рчењето на партнерот ќе ве разбуди.

shto-da-pravite-ako-vashiot-partner-navecher-rchi-i-ve-budi-03.JPG

Како може да ви наштети ’рчењето на партнерот?

Кога ’рчењето на партнерот ве буди во текот на ноќта, квалитетот на сонот може значително да ви се наруши.

Недостатокот од сон, пак, може да води до замор, проблеми со концентрацијата и променливо расположение.

Неко истражувања покажуваат и дека недостатокот од сон може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок и проблеми со срцето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg