Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин)

Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да биде стимуланс, па ако ја комбинирате со кафе, може да се чувствувате раздразливо или да не можете да заспиете.

lekovi-koi-e-podobro-da-ne-se-meshaat-so-kafe-i-pijalaci-so-kofein01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно денот ви почува со шолја кафе.

И, бидејќи кафето ви е веќе ритуал, сигурно не помислувате дали е во ред да го пиете ако примате одредена терапија.

Во умерени дози, кафето не е штетно, може дури да биде и корисно.

Но, на некои лекови може да им го намали ефектот, па доколу ги пиете, можеби е подобро да го прескокнете или да почекате некој период откако ќе ги испиете лековите.

Секако, најважна е консултацијата со лекар, а ако сте купиле нешто без рецепт, секогаш читајте го упатството на лекот.

Важно е да се напомни и дека лекови со иста намена, може да имаат различни состојки, што е уште еден клучен елемент кога е во прашање мешањето со кафе.

Врз кои лекови кафето може да има влијание?

Лекови за настинка и алергии

Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин.

Оваа состојка може да биде стимуланс, па ако ја комбинирате со кафе, може да се чувствуваат раздразливо или да не можете да заспиете.

Па, ако пиете лек со оваа состојка, почекајте час-два пред да го испиете кафето.

lekovi-koi-e-podobro-da-ne-se-meshaat-so-kafe-i-pijalaci-so-kofein-04.jpg

Лекови за крвен притисок

Некои лекови за крвен притисок го забавуваат пулсот. Но, кофеинот го прави спротивното, па поради тоа лекот може да не биде толку ефикасен.

Антикоагуланти

Антикоагулансите се лекови кои ја проретчуваат крвта, со цел да го подобрат протокот.

Бидејќи и кофеинот го има ова својство, ако пиете кафе со вакви лекови, може почесто да ви се јавуваат модринки.

Во овој случај најдобро консултирајте се со лекар.

lekovi-koi-e-podobro-da-ne-se-meshaat-so-kafe-i-pijalaci-so-kofein-05_copy.jpg

Лекови за тироидна жлезда

Некои лекови за намалена активност на тироидната жлезда не се апсорбираат добро ако ги мешате со кофеин.

Затоа, ако пиете вакви лекови, почекајте околу еден час пред да се напиете кафе.

Антидепресиви

Ова зависи од типот на антидепресиви што ги пиете.

Некои, кофеинот може да ги задржи подолго во организмот, па да им го продолжи ефектот.

Но, од друга страна, во комбинација со други видови може да има влијание врз сонот или да предизвика раздразливост.

Бидејќи постојат многу типови антидепресиви, секогаш е добро да се консултирате со лекарот што ви ги препишал.

lekovi-koi-e-podobro-da-ne-se-meshaat-so-kafe-i-pijalaci-so-kofein-02.jpg

Лекови за дијабетес

Кофеинот има влијание врз тоа како телото го искористува инсулинот, па да предизвика нагло качување или спуштање на нивото на шеќер во крвта.

Ако ви е тешко да го контролирате шеќерот, пробајте да намалите со кафе.

lekovi-koi-e-podobro-da-ne-se-meshaat-so-kafe-i-pijalaci-so-kofein-03.jpg

Некои лекови имаат реакција со млеко

Ако пиете кафе со млеко, важно е да знаете дека некои лекови не треба да се мешаат со овој пијалак.

Некои антибиотици и лекови за тироидната жлезда може да не се апсорбираат добро ако ги пиете со кафе со млеко.

Ова не значи дека нема да бидат ефикасни, туку најбезбедно е да почекате околу еден час откако ќе ги испиете лековите, пред да пиете кафе со млеко.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg