Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите?

Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истиот ден. И, важно е да останете дома барем пет дена за да не ја ширите болеста.

nastinka-grip-kovid-kako-da-poznaete-dali-ste-ushte-zarazni-otkako-kje-se-razbolite-01.jpg

Бидејќи во зима минуваме повеќе време на затворено, а и поретко проверуваме, вирусите и бактериите се шират полесно, со што и ние се разболуваме почесто.

А, кога ќе се разболиме, за да не ги изложуваме и другите на ризик, важно е да се изолираме додека сме заразни.

За Huffington Post, неколку лекари откриваат колку денови сме заразни кога имаме настинка, грип или некое од најчестите заболувања во зимските месеци.

Како да познаете до кога треба да останете дома?

Грип

Повеќето луѓе мошне брзо ги чувствуваат симптомите откако ќе се заразат со грип. Може да се чувствувате добро наутро, а веќе до пладне да ви биде навистина лошо.

Грипот предизвикува симптоми како треска, кашлица, болка во грлото и телото, замор, главоболка и течење или затнат нос.

Штом ќе ги почувствувате симптомите, главно сте заразни околу пет денови.

За да не ја пренесувате болеста, важно е да останете одма додека чувствувате симптоми.

Кога ќе се чувствувате добро и барем 24 часа нема да ви се покачи температурата, тогаш сте помалку заразни и е релативно безбедно да излезете од дома.

Сепак, добро би било уште неколку денови да носите заштитна маска и да пробувате да држите дистанца.

nastinka-grip-kovid-kako-da-poznaete-dali-ste-ushte-zarazni-otkako-kje-se-razbolite-02.JPG

Ковид

Веќе сигурно знаете дека ковидот е предизвикан од коронавирусот, а има симптоми слични на грип.

Може да се соочите со треска, кашлица, болки во мускулите, затнат нос, но и дијареја и гадење или повраќање.

Ако имате симптоми, дури и поблаги, важно е да останете дома бидејќи сте заразни.

Кога ќе поминат 24 часа откако ви се спуштила температурата и ви се подобриле симптомите, тогаш веќе сте помалку заразни.

Но, како и со грипот, држте дистанца и носете заштитна маска.

Во некои случаи, симптомите на ковид може да се влошат една или две недели откако ќе се појават. Ако сте во ваква ситуација, тоа значи дека треба да продолжите да се изолирате додека имате симптоми.

nastinka-grip-kovid-kako-da-poznaete-dali-ste-ushte-zarazni-otkako-kje-se-razbolite-03.JPG

Настинка

Настинката е предизвикана од разни респираторни вируси, но симптомите се главно исти – затнат нос, кашлање, кивање, треска, главоболка…

Настинката е слична како грипот, но разликата е во тоа што симптомите се јавуваат побавно.

Односно, откако ќе се заразите, може да поминат и неколку делови додека да почувствувате дека сте болни.

Штом ќе ги забележите симптомите, заразни сте околу седум денови. Кога, пак, симптомите ќе се повлечат за барем 24 часа, тогаш веќе нема потреба да се изолирате.

nastinka-grip-kovid-kako-da-poznaete-dali-ste-ushte-zarazni-otkako-kje-se-razbolite-04.JPG

Воспалено грло

Таканаречениот стрептококен фарингитис претставува бактериско воспаление на грлото кое исто така е заразно.

Предизвикува болка во грлото, но не придружена со назални симптоми.

Може да забележите оток во областа на грлото, црвени точки на горниот дел од усната празнина, како и бели точки на грлото. Во некои ситуации се јавува и треска.

Ако ги забележувате овие симптоми, важно е да одите на лекар бидејќи болеста се лекува со антибиотици.

Но, немојте да пиете на своја рака – вашиот лекар треба да ви ги препише соодветните.

Штом ќе почнете со терапија со антибиотици, по околу 24 часа веќе нема да бидете ни заразни.

Ако имате треска, тогаш не излегувајте од дома додека не ви помине. Доколку не пиете антибиотици, можете да бидете заразни и до три недели.

nastinka-grip-kovid-kako-da-poznaete-dali-ste-ushte-zarazni-otkako-kje-se-razbolite-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg