10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите

„Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази без да се посомневате дека личноста што ви ги кажала минува низ тежок период?

10-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-koga-se-chuvstvuvaat-mizerno-a-ne-priznavaat-spored-psiholozite-01.jpg

Лошото, мизерно расположение секогаш е предизвикано од некоја конкретна ситуација, од голем стрес или болка.

Психолозите велат дека ваквото однесување, може да е предизвикано од ментална болест, сиромаштија, невработеност, раскинување...

И сето ова ја истоштува личноста која се чувствува мизерно, посебно ако не сака да го признае тоа пред себе и пред околината. Понекогаш, луѓето одбиваат да побараат помош од срам или грижа на совест.

Па, ако оние во ваша близина често користат некоја од овие 10 фрази, понудете им помош, обидете се да допрете до нив, колку што можете.

Ова се работите (според психолозите) кои најчесто ги кажуваат луѓето кои се чувствуваат мизерно, а не сакаат да го признаат тоа:

„Уморен/а сум“

Многу луѓе ја користат оваа фраза или „само не сум наспан/а“ за да ја скријат вистинската причина за тажниот поглед, за внатрешните борби, за соочувањето со депресија, на пример.

„Добро сум“

Ако некој ви каже дека е добар, без да го смени изразот на лицето, без да го направи тоа со позитивен тон - најверојатно се соочува со длабоки емотивни проблеми.

Многу луѓе веруваат дека ако се преправаат дека се добри, нема да ги оптоваруваат другите со своите проблеми и нема да се соочат со осуда.

„Само да помине денот“

Кога личноста се соочува со неразрешена траума или има внатрешна борба, често знае да каже дека работите ќе станат подобри штом ќе заврши тој ден.

Со ова дополнително се затвораат во себе.

10-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-koga-se-chuvstvuvaat-mizerno-a-ne-priznavaat-spored-psiholozite-02.jpg

„Само имам премногу обврски“

Многумина не сакаат да побараат помош, па си ги натрупуваат работите врз „својот грб“ до фаза на истоштеност, премор, нервоза, а сето ова води до лутина, затворање во себе и чувство на мизерија.

„Сеедно“

Според психолозите, кога некој пречесто одговара со „сеедно“, најверојатно пробува да ја скрие својата депресија, проблемите со менталното здравје или тешкиот емотивен период низ кој минува - а не може да го надмине тоа сам/а.

„Не се чувствувам свој/а“

Некои луѓе чувствуваат дека „тонат“ ментално ако почнат да го губат својот идентитет, ако ги сменат нормалните рутини или начин на размислување.

Па ако не сменат нешто со што би го кренале самите своето расположение, обидете се вие да го направите тоа - особено ако само еднаш ја слушнете оваа фраза од некој близок.

„Може да е полошо“

Ова е само погрешно оправдување за работите кои не одат по планот, за ситуации кои ги повредиле - а на овој начин дополнително се изолираат од околината и се повлекуваат во себе.

Помогнете им да сфатат дека освен што можело да е полошо - може да е многу, многу подобро.

10-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-koga-se-chuvstvuvaat-mizerno-a-ne-priznavaat-spored-psiholozite-04.jpg

„Не е важно“

Кога некој се чувствува мизерно, а се обидува да ги скрие своите вистински емоции или причината за својата несреќа или незадоволство, нема да ви го каже тоа, туку ќе правда дека „не е важно“...

„Не е важно што ми е, не е важно што кажав, не е важно што мислам, не е важно!“ - ова е повик за помош.

„Навикнат/а сум“

Кога не сакаат да ја нагласат внатрешната борба, туку да ја скријат, многу луѓе знаат да речат дека се навикнати на нешто - на ударите од околината, омаловажувањата од партнерот, исмевањата од блиските, коментарите од колегите.

„Денес е еден од оние денови“

Сите имаме лоши денови, тоа е нормално, но не е нормално неубавите денови да се повторуваат со недели, па и месеци.

Ако некој близок има „лош ден“ кој трае долго - понудете му помош, дури и да не сака да ја прифати веднаш.

Понекогаш краток разговор е одличен прв чекор надвор од чувството на тага, мизерија, депресија, отфрленост...

10-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-koga-se-chuvstvuvaat-mizerno-a-ne-priznavaat-spored-psiholozite-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg