Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите

Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го минете цел ден во седење.

sedum-mali-naviki-shto-pravat-golema-razlika-za-zdravjeto-po-50-tite-01.jpg

Ако имате 50 години, воопшто не значи дека сте стари, но вашиот организам сепак не е отпорен како порано.

Па, важно е уште сега да почнете да водите подобра грижа за себе за да ги избегнете здравствените проблеми кои се честа појава кај постарите луѓе.

Седум работи што треба да ги правите секојдневно по 50-тата:

Движете се

Ова е важно без разлика на вашата возраст, но штом ќе влезете во шестата деценија, не треба да си дозволите цел ден да го поминете во седење.

Секојдневната физичка активност, без разлика колку мала, ќе ви помогне да останете подвижни и во староста, а го намалува и ризикот од остеопороза.

Потрудете се секој ден да пешачите, но и да правите лесни вежби, како чучнувања.

Не мора да станете бодибилдер на 50 години, но трудете се да се движите.

Користете го мозокот

Со возраста се зголемува ризикот од деменција, а ако не го користите мозокот, овој ризик се зголемува уште повеќе.

Секој ден одвојувајте време за некаква умствена активност како решавање крстозбор, читање, играње игри кои бараат концентрација…

Исто така, и новите хобија можат да бидат од огромна корист, како учење нов јазик или инструмент.

sedum-mali-naviki-shto-pravat-golema-razlika-za-zdravjeto-po-50-tite-02.jpg

Социјализирајте се

Иако со многуте обврски може да биде тешко да најдете време за дружба, навистина е важно да го одржувате социјалниот живот.

Интеракциите со другите се добри за менталното здравје, особено кај повозрасни личности.

Потрудете се барем еднаш во денот да си поразговарате со личност која ви значи, без разлика дали пријател, колега, член на семејството…

Најдете начин да се справите со стресот

Нормално, ова е полесно да се каже отколку да се направи, но не дозволувајте стресот за излезе од контрола.

Хроничниот стрес води до низа проблеми со здравјето кои со годините може само да се влошат.

Затоа, секојдневно наоѓајте време за активност што ќе ви помогне да се справите со стресот, како медитација или купка.

Ако не можете сами, побарајте и помош од професионалец.

sedum-mali-naviki-shto-pravat-golema-razlika-za-zdravjeto-po-50-tite-03.jpg

Не ги прескокнувајте прегледите

Треба да се трудите да го зачувате здравјето, но некои работи се надвор од ваша контрола.

Во овој случај, раната детекција е клучна, а ова е причина зошто не треба да ги прескокнувате рутинските прегледи.

Минувајте време на сонце

Важно е да минувате барем 30 минути дневно на сонце за да го поттикнете производството на витамин Д во организмот.

Овој витамин, пак, го зајакнува и физичкото, и менталното здравје.

Јадете здрава храна

Како што стареете, важно е да намалувате со нездрава храна и да се фокусирате на намирници богати со хранливи материи.

Кога ќе се храните здраво, драстично ќе го намалите ризикот од низа проблеми со здравјето и сигурно ќе си го продолжите животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg