Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)?

Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа периодов има сè повеќе заболени, особено деца. Но, бидејќи грипот е предизвикан од вирус, а не бактерии, важно е да се консултирате со лекар ако вашето дете има симптоми, а не да му давате антибиотици на своја рака.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-dete-ima-grip-i-zoshto-ne-treba-da-mu-davate-antibiotici-na-svoja-raka01.jpg

Како што открива Институтот за јавно здравје на Македонија, сезоната на грип е во полн ек. Има многу заразени, а се очекува нивниот број да се зголеми и вирусот да го достигне пикот во наредните неколку недели.

Сезоната на грип е нешто што се очекува бидејќи во зима минуваме повеќе време на затворено, поретко проветруваме, па и заразите се шират полесно.

Сепак, изгледа како годинава да се заразуваат многу повеќе луѓе, но и многу повеќе деца.

Па, важно е родителите да бидат свесни за симптомите за да можат да реагираат навреме, но и за да ги заштитат другите деца од зараза.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-dete-ima-grip-i-zoshto-ne-treba-da-mu-davate-antibiotici-na-svoja-raka-02.JPG

Што треба да знаете за грипот кај деца?

Како децата заболуваат од грип?

Грипот е болест предизвикана од вируси на грип кои во зависност од типот, можат да предизвикаат различни симптоми.

Децата најчесто си го пренесуваат во градинка и на училиште, преку кашлање или кивање.

Но, истовремено, краток период вирусот може да преживее и на површини, како играчки, брави, телефони, таблети…

Па, ако детето допре површина на која го има вирусот, а потоа си ги допре устата, носот или очите, може да се зарази.

Проблемот е што луѓето можат да го пренесат вирусот уште пред симптомите да почнат да се појавуваат и самите не се свесни дека се заразни.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-dete-ima-grip-i-zoshto-ne-treba-da-mu-davate-antibiotici-na-svoja-raka-05.JPG

Кои се симптомите на грип кај деца?

Како родител, важно е да внимавате на здравствената состојба на вашето дете во сезоната на грип за навреме да ги воочите симптомите.

Грипот е респираторна болест, но може д предизвика симптоми на целото тело.

Дел од најчестите симптомите се:

  • Висока температура, која може да се искачи и до 40 степени Целзиусови
  • Болки по телото
  • Главоболка
  • Болка во грлото
  • Кашлица што се влошува
  • Замор
  • Течење на носот или затнат нос

Во некои случаи, се јавуваат и симптоми како:

  • Гадење
  • Повраќање
  • Дијареја

Децата закрепнуваат од грипот главно во период од една недела. Но, можно е да чувствуваат замор и три-четири недели откако ќе им прекинат другите симптоми.

kako-da-poznaete-dali-vasheto-dete-ima-grip-i-zoshto-ne-treba-da-mu-davate-antibiotici-na-svoja-raka-04.JPG

Како се лекува грипот кај деца?

Бидејќи периодов се чести и настинките, штом забележите симптоми кај вашето дете, важно е веднаш да се консултирате со лекар.

Тој ќе постави точна дијагноза и ќе даде соодветна терапија во зависност од возраста на детето, неговите симптоми и неговата здравствена состојба.

Важно е да знаете дека грипот не се лекува со антибиотици и никако не треба да му давате вакви лекови на детето на своја рака.

Антибиотиците се користат за бактериски заболувања, а не за вируси.

Погледнете и: Tабела со симптоми: Како да препознаете дали имате настинка или грип?

kako-da-poznaete-dali-vasheto-dete-ima-grip-i-zoshto-ne-treba-da-mu-davate-antibiotici-na-svoja-raka-0.JPG

Лекарот може да препише и антибиотици, но само ако детето развило и бактериска пневмонија. Сепак, сето ова е нешто што треба да го утврди лекар, а не вие самите.

Генерално, лекувањето се фокусира на олеснување на симптомите додека болеста да помине.

Покрај терапијата препишана од лекар, осигурете се дека детето пие многу течности и дека одмара.

Доколку симптомите не се подобруваат или ви се чини дека состојбата на детето се влошува, консултирајте се со лекар.

Погледнете и: Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg