Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите

Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кивате. Со кои грешки го загрозувате вашето, но и здравјето на блиските во сезоната на грип и настинки?

greshki-vo-sezonata-na-grip-i-nastinki-so-koi-mnogu-si-shtetite-01.jpg

Штом дојде октомври, можеме да ја очекуваме и сезоната на грип и настинки.

Бидејќи поретко проветруваме и минуваме повеќе време во затворен простор со други луѓе, во есен и зима е и полесно да се заразиме.

Додека кај некои луѓе грипот и настинката поминуваат со лесни симптоми, за други, со послаб имунитет и веќе постоечки болести, можат да бидат сериозен проблем.

Но, дури и ако сте во одлично здравје, секогаш постои можност грипот и настинката да ви предизвикаат и посериозни симптоми.

Што значи, кога им е сезона, треба да избегнуваме некои грешки за да се заштитиме себеси, но и луѓето околу нас.

Дел од најчестите грешки:

Не одмарате

Една од најголемите грешки што ја прават сите е што не одвојуваат време за одмор кога ќе забележат симптом.

Без разлика дали имате само слаба кашлица, на телото му треба одмор за да се справи со болеста.

Недостатокот од сон има влијание врз имунитетот и не само што ќе го забави заздравувањето, туку може и да ви ги влоши симптомите.

Истовремено, кога сте преморени, многу е полесно да се разболите.

Излегувате кога сте болни

Не е важно што немате температура – ако чувствувате симптоми на настинка и грип, избегнувајте да излегувате.

Ако сте во можност, работете од дома, а другите обврски пробајте да ги одложите додека да се чувствувате подобро.

Ако сепак немате избор освен да излезете, ставете заштитна маска.

Во сезона на грип, важно е да ги имате предвид и другите луѓе и да не ја ширите заразата.

greshki-vo-sezonata-na-grip-i-nastinki-so-koi-mnogu-si-shtetite-02.jpg

Не ги миете рацете

Ако допрете површина со вируси, а потоа си го допрете лицето, лесно можете да се заразите.

Затоа, во сезоната на грип, почесто мијте ги рацете, а кога сте излезени, користете и средство за дезинфекција.

Ова е едноставен, но мошне ефикасен начин да избегнете зараза.

Не обрнувате внимание на храната

Во сезоната на грип важно е да го зајакнете имунитетот за дури и ако се заразите, полесно да ја надминете болеста.

Внесувајте свежа храна со витамин и минерали, а во консултација со лекар, можете да земате и суплементи.

Не заборавајте да пиете доволно вода бидејќи дехидратацијата може да ја влоши состојбата.

Овој период пробајте да го ограничите алкохолот бидејќи има лошо влијание врз имунитетот.

greshki-vo-sezonata-na-grip-i-nastinki-so-koi-mnogu-si-shtetite-03.jpg

Често го допирате лицето

Дури и ако редовно ги миете и дезинфицирате рацете, сепак пробувајте да не го допирате лицето.

Вирусите е навлегуваат во организмот преку очите, носот и устата, па ако не се допирате на лицето, значително ќе го намалите ризикот од зараза.

Не ја покривате устата кога кивате или кашлате

Иако ова е правило на коешто нè учат од најрана возраст, многу луѓе не го применуваат.

Кога кашлате или кивате без да ја покриете устата, сите луѓе околу вас ги изложувате на ризик.

Дури вие и да немате симптоми, можно е во организмот да имате вируси на настинка или грип.

Исто така, откако ќе се искашалте или ќе кивнете, измијте ги или дезинфицирајте ги рацете.

greshki-vo-sezonata-na-grip-i-nastinki-so-koi-mnogu-si-shtetite-04.jpg

Не се вакцинирате

Вакцините за грип се достапни бесплатно и ако сте во ризична група, препорачливо е да се вакцинирате.

Ако имате над 65 години, се соочувате со други здравствени проблеми или имате ослабен имунитетот, разговарајте со вашиот лекар за вакцина.

Вакцината против грип може да ја спречи заразата или, во најмала рака, значително да ги ублажи симптомите и да спречи компликации.

Не одите на лекар

Полесните симптоми можете да ги третирате и дома. Но, ако по три денови состојбата не ви се подобрува, морате да се консултирате за лекар.

Исто така, разговарајте со лекар и ако сте во ризична група, без разлика што имате поблаги симптоми.

greshki-vo-sezonata-na-grip-i-nastinki-so-koi-mnogu-si-shtetite-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg