Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно)

Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игнорирате. Истото важи и за многу силните главоболки, придружени со симптоми како повраќање.

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-01.jpg

Брза помош е нешто што сметаме дека е резервирано за итни случаи, како мозочен удар или инфаркт.

Па, кога се во прашање поблаги симптоми, повеќето чекаат пред да отидат на лекар или воопшто не бараат медицинска помош.

Но, некои симптоми иако на почетокот можеби не изгледаат „страшно“, сепак можат да бидат знак за нешто сериозно.

12 ситуации во кои е препорачливо веднаш да одите на лекар, за секој случај:

Имате главоболка

Главоболките се честа појава и во повеќето случаи не треба да ве загрижуваат.

Но, ако одеднаш имате многу силна главоболка, која би ја нарекле и најлоша во вашиот живот, веднаш одете на лекар бидејќи може да биде симптом за аневризма или мозочен удар.

Ако, пак, главоболката не е многу силна, но е придружена со симптоми како проблеми со видот, треска, повраќање и слично, исто така одете на лекар.

Побарајте медицинска помош и ако главоболката не ви поминува со вообичаените лекови или ако ја чувствувате откако сте си ја удриле главата.

Ненадејна вртоглавица, збунетост, расеаност

Благата вртоглавица, како кога ќе станете многу брзо е нешто што им се случува повремено на сите.

Истото важи и со збунетоста и расеаноста, особено ако сте уморни или под многу стрес.

Сепак, побарајте лекарска помош ако овие симптоми се ненадејни и многу изразени, или се придружени со паѓање, губење свест, проблеми со говорот, изразени проблеми со рамнотежата и слично.

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-02.JPG

Напади

Ако немате дијагноза за епилепсија, но добиете напад, веднаш побарајте медицинска помош.

Не мора да значи дека нападот е од нешто сериозно и можеби станува збор за недијагностицирана епилепсија, но ова е настан што не треба да го игнорирате.

Повреда на главата

Секоја поголема повреда на главата е нешто што не смеете да игнорирате.

Во некои ситуации, посериозните симптоми од повреда на главата не се појавуваат неколку часа, па и денови по повредата, па обрнувајте внимание на симптомите.

Веднаш одете на лекар ако забележите:

  • Различна големина на зениците
  • Вртоглавица или губење свест
  • Екстремен замор
  • Неспособност за движење на екстремитетите
  • Ѕвонење во ушите
  • Напади
  • Силна главоболка
  • Повраќање

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-03.JPG

Треска

Високата температура е нешто што го искусуваме скоро сите, особено во сезоната на настинки.

Но, кога се во прашање бебиња, температурата над 38 степени Целзиусови треба да биде причина за одење на лекар.

Кај возрасните, препорачливо е да се консултираат со лекар ако високата температура е придружена со други симптоми како забрзан пулс, проблеми со уринирање, отечени нозе, повраќање…

Исто така, препорачливо е да одите на лекар ако температурата не ви се спушта со вообичаените лекови или ако надмине 40 степени Целзиусови.

Болка во градите

Силната и ненадејна болка во градите која е придружена и со други симптоми, како потење и отежнато дишење, може да биде знак за инфаркт.

Ако нема друг симптоми, но сепак е силна, може да биде знак за проблем со белите дробови, па одете на лекар.

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-04.JPG

Отежнато дишење

Ако отежнатото дишење се појави без причина, е придружено со гадење и повраќање или ви влијае врз говорот, тогаш веднаш одете на лекар.

Исто така, задолжително побарајте медицинска помош ако забележувате дека усните или врвовите на прстите стануваат сини.

Рани од животни

Ако ве гризне какво било животно, веднаш одете на лекар.

Дури и ако е во прашање мачка што ја чувате само дома, важно е веднаш да побарате медицинска помош бидејќи многу брзо може да ви се развие сериозна инфекција.

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-05.JPG

Изгореници

Ако е во прашање мала изгореница која не ве ни боли, тогаш можете да ја третирате сами.

Но, кога е во прашање хемиска изгореница или изгореница од електрична струја, препорачливо е да одите на лекар.

Истото важи и ако изгореницата е на лицето, гениталиите, стапалата или зглобовите.

Ако изгореницата покрива голема површина, одете на лекар, дури и ако не ви изгледа сериозно.

situacii-vo-koi-vednash-treba-da-pobarate-lekarska-pomosh-duri-i-ako-simptomite-izgledaat-bezopasno-06.JPG

Болка во тестисите

Постојат бројни причини за болка во едниот или двата тестиси.

Ако болката е многу силна и ненадејна или ако е придружена и со други симптоми како гадење, крв во урината и треска, веднаш одете на лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg